Skip to content

Хидродермоабразија

Неинвазивна процедура – со апарат

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Хидродермоабразија

Вовед во хидродермоабразија (hydrodermabrasion)

Хидродермоабразија (hidromermoabrazija) е водечки тренд помеѓу неинвазивните козметички процедури. Ова е една од најновите технологии и најдинамичен начин за механичко чистење на лицето со истовремена хидратација и исхранување на кожата. Третманот е погоден за сите возрасти и сите типови кожа, дури и за оние со осетлива кожа. Може да се применува и во бременост.

Хидродермоабразија е неинвазивна процедура која користи нежни, но сепак моќни хидромлазеви со кои се врши ексфолијација на површинскиот слој на кожата, подобрување на циркулацијата и стимулирање на колаген продукцијата. Истовремената  дермална инфузија со комбинација од серуми и бустери, врши хидратација и исхранување на кожата со потребните супстанции и кислород.

Овој третман се користи за:

  • Подмладување и одржување на здрава кожа
  • Подобрување на тонусот и текстурата на кожата
  • Хидратација и исхранување на кожата
  • Подобрување на метаболизмот на кожата и клеточна регенерација
  • Детоксикација преку активирана лимфна дренажа низ кожата
  • Измазнување на фините брчки
  • Изедначување на тенот
  • Третман на оштетувањата на кожата предизвикани од сонцето
  • Ублажување на лузни од акни итн.
 

Хидродермоабразија (hidromermoabrazija) трае околу 30 минути зависно од тоа која регија се третира. Видливи резултати се забележуваат веднаш после првиот третман. За постигнување на оптимален ефект потребно е да се направи циклус од 3 третмани на интервал од 2-4 недели.

После третманот не се препорачува изложување на сонце и задолжителна е употребата на креми со заштитен фактор.  Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати и да се пијат доволни количини вода. На работа може да се вратите веднаш после третманот.

Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти