Skip to content

Tesla Former

Неинвазивен третман

Времетраење – до 30 минути

Регија на апликација – тело

Tesla Former е најнова генерација неинвазивна технологија за обликување на телото. Ова е единствената технологија која што на револуционерен начин овозможува обликување на мускулите со истовремено согорување на локализираните масни наслаги. Се користи за зацврстување на мускулите на стомакот, задникот, колковите, нозете, рацете и грбот.

Во Скинфинити го имаме оригиналниот апарат Tesla Former од Iskra Medikal, со што гарантираме успех на резултатите.

Освен за естетски цели, Tesla Former се користи и во медицината во третманот на бројни состојби во физикалната медицина, гинекологијата, неврологијата, како и за брза рехабилитација после спортски повреди или друг вид трауматизам.

 

НА КОЈ ПРИНЦИП РАБОТИ TESLA FORMER?

Tesla Former е најнова технологија која работи на принцип на функционална магнетна стимулација (FMS) на моторните нерви и мускулите при што се предизвикуваат од 30000-50000 супрамаксимални контракции на цели мускулни групи за 30 минутна сесија. Поради интензивната мускулна активност значајно се забрзува метаболизмот во масното ткиво над третираната мускулна група, што предизвикува брзо топење на локализираните масни наслаги и истовремена стимулација на колаген продукцијата за затегнување на кожата на површината на третираната регија.

Една 30 минутна сесија со Tesla Former во просек заменува 5 часовна фитнес активност во сала на истата мускулна група. По третманот имате чувство како долго да сте вежбале некоја интензивна физичка активност.

 

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ TESLA FORMER?

Со Тesla Former може да се постигне комплетно ремоделирање на телото со истовремено зацврстување на мускулите на стомакот, задникот, колковите, нозете, рацете и грбот и топење на локализираните масни наслаги.

Придобивки од третманот:

  • Градење на мускулна маса
  • Согорување на масните наслаги
  • Подигнување на задникот
  • Обликување на телото
  • Обликување на стомачната регија
  • Одржување на формата
  • Брза рехабилитација после спортски повреди
 

 

Медицински индикации за третман со Tesla Former:

  • Брза рехабилитација после спортски повреди или друг вид трауматизам
  • После хируршки интервенции или други состојби кои бараат долго мирување и предизвикуваат слабост на мускулите
  • Третман на заболувања на мускуло-скелетниот систем
  • Третман на бројни состојби во физикалната медицина
  • Третман на голем број невролошки заболувања (дископатии со радикулопатии, постинфарктни состојби со последователна пареза или парализа на мускулите)
  • Во гинекологијата за третман на уринарна инконтиненција, пролапс на генитални органи, зацврстување на абдоминалниот мускулен ѕид после пораѓај или гинеколошки интервенции
 

Предности на третманот:

  • Моќен
  • Неинвазивен
  • Безболен
  • Без период на опоравување
 

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА TESLA FORMER ТРЕТМАНОТ?

Над регијата која што се третира (стомак, раце, нозе, задник или грб) се поставуват апликатори кои што ги генерират импулсите. Третманот се одвива во легната позиција. Апликаторите може да се постават директно на кожата или пак преку облека. Ние на нашите клиенти им обезбедуваме соодветно одело за време на третманот кај нас.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ЕДЕН ТРЕТМАН?          

Еден третман со Tesla Former трае 30 минути и може да се изведува на иста мускулна група 2 до 3 пати неделно. Во еден ден може да се третираат повеќе мускулни регии доколку се одлучите за ремоделирање на целото тело.

КОЛКУ ТРЕТМАНИ МИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Најчесто е потребна серија од 6-10 третмани за да се види трансформација во обликот на телото. Бројот на потребни третмани за постигнување на посакуваната цел зависи од почетната на состојба на телото. Затоа препорачуваме иницијален преглед и консултација со нашите лекари и стручнни лица пред почеток на третманите за проценка на состојбата и одредување на динамика на третманите.

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ СО TESLA FORMER?

Не постојат несакани ефекти од третманот со Tesla Former. Во текот на следните 1-2 дена можно е да чувствувате блага болка во мускулите исто како да сте имале напорен фитнес тренинг.

Третманот не се препорачува при:

  • Бременост
  • Онколошки заболувања
  • Имплантиран пејсмејкер или метални протези
 

ЗОШТО ДА СЕ ОДЛУЧАМ ЗА ТРЕТМАН СО TESLA FORMER ВО SKINFINITY?

Во нашиот Центар за естетска медицина и козметологија го имаме оригиналниот апарат Tesla Former од Iskra Medikal, со што гарантираме успех на резултатите.

Третманот се изведува од страна на сертифицирани професионалнци според насоките од нашите искусни лекари. На почеток на третманите препорачуваме иницијален преглед и консултација со нашите лекари и стручнни лица за проценка на состојбата и одредување на динамика на третманите.

Пред да се одлучите за третман со Tesla Former секогаш проверете го потеклото на апаратот!!!

Обликувајте го Вашето тело до совршенство на здрав, брз и безболен начин!

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти