Skip to content

МЕЗОТЕРАПИЈА

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 60 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте, скалп, раце, тело

Вовед во мезотерапија ( Mesotherapy )

Мезотерапија (Mesotherapy) е медицинска процедура со која се внесуваат мезококтели со активни состојки во длабинските делови на кожата. На овој начин кожата се исхранува, длабински се хидрира и се стимулира синтезата на колаген и еластин, со цел да се зачува нејзината цврстина и еластичност. Во естетската медицина се користи за подмладување на кожата и забавување на процесот на стареење, како и за решавање на голем број дерматолошки состојби.

Што содржат мезотераписките коктели и дали третманот е безбеден?

Мезотераписките коктели во својот состав имаат многу важни активни состојки кои се внесуваат длабински во средниот слој на кожата наречен мезодерм. Богати се со хијалуронска киселина, аминокиселини, пептиди, колаген, витамини, минерали, органски силициум итн. Која ќе биде содржината на мезококтелот, зависи од потребите на индивидуата за овој третман.

Третманот е безбеден. Состојките содржани во мезококтелите и нормално се наоѓаат во кожата, но со текот на годините и под дејство на голем број надворешни влијанија како што се атмосферските услови, сонце и ветер, аерозагадување, лоши животни навики, исхрана и секојдневен стрес, нивната синтеза во организмот се намалува, што значајно се одразува на квалитетот на кожата и забрзување на процесот на нејзино стареење.

За што се користи мезотерапијата ( MESOTHERAPY / MEZOTERAPIJA )?

Во естетската медицина Мезотерапија (Mesotherapy) се користи за:

  • Подмладување на кожата и отстранување на знаците на стареење
  • Подобрување на квалитетот на кожата
  • Освежување на регијата околу очите и отстранување на подочници
  • Третман на пигментации
  • Намалување на порите на лицето и регулирање на себумот
  • Антицелулитен ефект
  • Отстранување на стрии и лузни
  • Третман за опаѓање на косата
  • Лекување на бројни дерматолошки состојби
 

Зошто е добро да го направам овој третман порано?

Колагенот и еластинот се структурни протеини на кожата од кои зависат нејзината цврстина и еластичност. Се наоѓаат во средишниот дел на кожата, наречен мезодерм. После 25 година од животот, нивната синтеза од фибробластите забрзано почнува да опаѓа. Сочувувањето на количината и цврстината на колагенот во кожата е прв чекор во нејзината долготрајна нега. Површинските козметички препарати не можат да продрат до мезодермот, па затоа и не можат да делуваат на колагенот. Мезотерапијата е ефикасен начин со кој активните материи се внесуваат во целниот дел на кожата и директно го стимулираат зацврстувањето на постоечкиот и синтеза на нов колаген. Раниот почеток со овој третман значително го подобрува квалитетот и тонусот на кожата и значајно го превенира нејзиното стареење.

Како изгледа овој третман?

Овој третман се изведува после претходна консултација и преглед од нашите доктори. Третманот се состои од микроинјектирање на мезококтели со многу мали и тенки игли во соодветниот дел на кожата. Во зависност од индикацијата за третманот, користиме различни мезококтели според строго дефинирани протоколи. Може да се примени на лице, врат, деколте, раце и други делови од телото.

Други начини за нанесување на мезотераписки коктели во кожата се со помош на дермаролер, дермапен, како и неинвазивно со мезопорација (безиглена постапка). Кај нас можете да ги добиете сите овие третмани.

Мезотерапија

Кои се можни нескани ефекти од овој третман?

На местото на инјектирање може да се појават мали модринки, црвенило или лесен оток кои исчезнуваат многу брзо. Исклучително е важно да се придржувате до советите од докторите после овој третман.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку долго ќе траат ефектите?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. За постигнување на посакуваниот ефект, потребно е да се направат  3 до 5 третмани на растојание од две недели, во зависност од индивидуалниот проблем, почетната состојбата на кожата и возраста на индивидуата. Согласно потребите на клиентот, овој циклус третмани може да се повтори за 4 до 6 месеци.

Кога не се препорачува мезотерапија ( MESOTHERAPY / MEZOTERAPIJA )?

Мезотерапија (Mesotherapy) не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Кожни инфекции
  • Инфективни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти