Skip to content

FORMA

Неинвазивна процедура
Соодветна возраст 20+

Времетраење – 30-50 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте

FORMA е неинвазивен третман за подмладување на кожата на лицето, вратот и деколтето. FORMA е соодветен третман за сите типови кожа и е одличен за оние кои бараат неинвазивен пристап со постигнување на природен изглед без хируршки интервенции и други инвазивни процедури.

На кој принцип работи FORMA?

FORMA генерира радиофреквентна енергија која продира длабоко во кожата и поткожните ткива.

Колагенот и еластинот се структурни компоненти на кожата од кои зависат нејзината цврстина и еластичност. После 25 година од животот, нивната синтеза од фибробластите забрзано почнува да опаѓа, што доведува до опуштање на кожата и појава на фини линии и брчки.  Сочувувањето на количината и цврстината на колагенот во кожата е прв чекор во нејзината долготрајна нега. 

FORMA делува токму на овој процес. Радиофреквентните бранови предизвикуваат загревање на длабоките слоеви на кожата со што се стимулира создавањето на нов колаген и еластин и истовремено се подобрува циркулацијата во третираната регија. Резултатот е подмладена и затегната кожа со максимално природен изглед.

За што се користи FORMA?

FORMA е идеален третман за:

  • Подмладување на кожата
  • Измазнување на фините линии
  • Истакнување на контурите на лицето
  • Лифтинг ефект
  • Освежување на очната регија
  • Ублажување на подочниците
  • Губење на уморниот изглед
  • Намалување на подбрадокот
 

Кои делови од телото може да се третираат со FORMA?

FORMA се користи за третман на лицето, вратот и деколтето.

Третманот е идеален за истакнување и подобрување на одредени регии на лицето:

  • Чело
  • Очна регија
  • Назолабијални линии
  • Фини линии околу устата
  • Контурирање на долната линија на вилицата (jawline)

FORMA I (eye) – неинвазивен третман за очна регија

Радиофреквентна енергија продира во кожата и го стимулира создавањето на колаген. Со прецизни движења овозможуваме темелен третман на оваа многу специфична регија. Истовремено стимулираме и регенерација на малите солзни жлезди со што многу успешно се третира симдромот на суво око кој се почесто е присутен кај голем број луѓе. 

FORMA I (eye) е идеален третман за:

  • Подобрување на изгледот на подочниците
  • Измазнување на брчките околу очите
  • Спуштени капаци / птоза
  • Синдом на суво око
  • Освежување на очната регија  
  • Губење на уморниот изглед 

FORMA I – за третман на усните и регијата околу усните

FORMA I се користи и за третман на усните и регијата околу усните. Одличен е за:

  • Освежување на усните и “plump” ефект
  • Подмладување на усните
  • Измазнување на фините брчки околу усните “bar code lines”
  • Подобрување на назолабијалните брчки

Како изгледа FORMA третманот?

FORMA е пријатен и релаксирачки третман и соодветен е за секој тип на кожа и за секоја возраст. Третманот е потполно безболен, може да се чувствува топлина и нежно пецкање. Зависно од регијата што се третира третманот трае 30 – 50 минути.

Нема период на опоравување и веднаш после третманот може да продолжите со вообичаените дневни активности. 

Колку третмани ми се потребни и кога да ги очекувам првите резултати?

Резултатите се видливи веднаш после самиот третман. Се забележува видливо освежување на ликот, суптилен лифтинг ефект со подобра текстура на кожата и измазнување на фините линии.

За постигнување на оптимални и одржливи резултати се препорачува серија од неколку третмани кои може да се прават еднаш неделно или еднаш месечно. Бројот на потребни третмани и динамиката со која се изведуваат се одредува при консултација со нашите специјалисти во Скинфинити.

Раниот почеток со овој третман значително го подобрува квалитетот и тонусот на кожата и значајно го превенира нејзиното стареење.

Како да ја негувам кожата после третманот со FORMA?

Не е потребна специфична нега после третманот. Си продолжувате со вообичаената дневна рутина за нега на лицето. Шминка може да се користи веднаш после третманот.

Дали може FORMA да се прави во комбинација со други процедури?

FORMA може да се комбинира со други третмани за нега на кожата. Нашите специјалисти во Скинфинити ќе Ви препорачаат соодветни третмани кои можат да го надополнат и потенцираат ефектот на овој третман.

Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања

Закажете консултација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совет

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети
Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти