Skip to content

Хемиски пилинг (Chemical Peels)

Неинјектибилна процедура

Времетраење – од 30 до 45 минути

Регија на апликација – лице и тело

ХЕМИСКИ ПИЛИНГ (CHEMICAL PEELS)​

Хемиски пилинг (Chemical peels) е медицински процедура и е идеално решение за оние кои имаат проблеми со нарушена текстура на кожата, брчки на лицето, хиперпигментации, лузни од акни и друга природа итн.

Што е хемиски пилинг?

Хемиските пилинзи се раствори кои содржат различни активни супстанции кои предизвикуваат ексфолијација на кожата и нејзино регенерирање. Младата регенерирана кожа е помека и измазнета, но и привремено осетлива на сонце, па затоа најголем дел од хемиските пилизни се препорачуваат во есен, зима и рана пролет кога помалку сме изложени на сонце. Хемиските пилинзи можат да бидат површински, средно длабоки и длабоки пилинзи и се изведуваат од страна на искусни лекари.

За што се користи Хемиски пилинг (Chemical peels)?

Хемиските пилинзи се користат за:

  • Подобрување на изгледот и квалитетот на кожата
  • Измазнување на брчките
  • Лифтинг ефект
  • Третман на хиперпигментации
  • Оштетувања на кожата предизвикани од сонце
  • Лекување на приширени пори
  • Акни и лузни од акни
  • Третман на стрии итн.
 

Колку третмани се потребни?

Бројот на третмани зависи од проблемот и регијата која се третира, секако и од ефектот што сакаме да го постигнеме. Некогаш е доволен само еден третман, а некогаш е потребна серија од третмани во соодветни временски интервали. Хемиските пилинзи можат да се комбинираат и со други третмани за постигнување на оптимален ефект.

Контактирајте не за да го закажете Вашиот бесплатен консултативен разговор во нашата клиника.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти