Skip to content

Ултразвучен лифтинг

Неинвазивна процедура

Времетраење – 45 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Ултразвучен лифтинг е неинвазивна процедура со која што се зацврстува и затегнува кожата на лицето, вратот и деколтето. Причините поради кои овој третман е еден од најбараните се многубројни. Се користи за измазнување на фините линии и брчките на лицето, затегнување на опуштената кожа, третман на надуеноста под очите и темните подочници, изедначување на тенот и здрав сјај на кожата, намалување на порите на лицето и подобрување на состојбата на акните, како и за третман на целулитот и локализираните масни наслаги кога се користи на телото. Третманот е безбеден, безболен и нежен и соодветен за секој тип кожа.

КАКО ИЗГЛЕДА ТРЕТМАНОТ?

Ултразвучен лифтинг на лице е современа апаратна процедура. Со нежна сонда која што емитира ултразвучни бранови во кожата и поткожното ткиво се предизвикува контролирано загревање на ткивото. На овој начин се стимулираат регенеративните процеси на создавање на нов колаген и еластин во кожата со што кожата се зацврстува и лифтира. Истовремено се подобрува локалната циркулацијата и лимфната дренажа што овозможува подобра апсорпција на активните состојки од серумите и маските што се користат при третманот, а со тоа се постигнува интензивна хидратација и исхранување на кожата.  

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ УЛТРАЗВУЧЕН ЛИФТИНГ?

Придобивките од третманот се многубројни. Се користи за:

  • Затегнување на опуштената кожа на лицето
  • Лифтинг на кожата на лицето, вратот и деколтето
  • Подмладување на лицето, измазнување на фините линии и брчките
  • Третман на очна регија (надуеност под очите и темни подочници)
  • Намалување на порите на кожата
  • Подобрување на текстурата на кожата
  • Подобрување на пигментни промени и изедначување на тенот
  • Подобрување на состојбата на акните, црвенилото и лузните
  • Третман на целулит и локализирани масни наслаги (тело)
 

Резултати од третманот се видливи уште после првиот третман, но со континуирана употреба на овој третман се овозможуваат кумулативни и долготрајни резултати.

ДАЛИ ТРЕТМАНОТ Е БОЛЕН?

Оваа процедура е релаксирачка, нежна и многу пријатна. Третманот е апсолутно безболен, а клиентот не чувствува никакво пецкање или други непријатности.

КОИ СЕ МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ И КОГА МОЖАМ ДА СЕ ВРАТАМ НА РАБОТА?

Не постојат несакани ефекти од овој третман. По завршување на третманот нема никави иритации и црвенило, а кожата е освежена и сјајна. Веднаш после третманот може да се вратите на вообичаените дневни активности.

КОЛКУ ТРЕТМАНИ МИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. За постигнување на посакуваниот ефект, потребно е да се направат  3 до 5 третмани на растојание од 7 до 10 дена, во зависност од почетната состојбата на кожата и возраста на индивидуата.

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти