Skip to content

Мезопорација
(Безиглена мезотерапија)

Неинвазивна процедура

Времетраење – 40 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Mezoporacija

Мезопорацијата е процедура на безиглена мезотерапија со која се внесуваат мезококтели со активни состојки во длабинските делови на кожата на потполно безболен начин. На овој начин кожата се исхранува, длабински се хидрира и се стимулира синтезата на колаген и еластин, со цел да се зачува нејзината цврстина и еластичност. Се користи за подмладување на кожата и забавување на процесот на стареење, како и за решавање на голем број дерматолошки состојби.

ШТО СОДРЖАТ МЕЗОКОКТЕЛИТЕ И ДАЛИ ТРЕТМАНОТ Е БЕЗБЕДЕН?

Мезококтелите во својот состав имаат многу важни активни состојки кои се внесуваат длабински во средниот слој на кожата наречен мезодерм. Богати се со хијалуронска киселина, аминокиселини, пептиди, колаген, витамини, минерали итн. Која ќе биде содржината на мезококтелот, зависи од потребите на индивидуата за овој третман.

Третманот е безбеден. Состојките содржани во мезококтелите и нормално се наоѓаат во кожата, но со текот на годините и под дејство на голем број надворешни влијанија како што се атмосферските услови, сонце и ветер, аерозагадување, лоши животни навики, исхрана и секојдневен стрес, нивната синтеза во организмот се намалува, што значајно се одразува на квалитетот на кожата и забрзување на процесот на нејзино стареење.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ МЕЗОПОРАЦИЈА?

Во естетската медицина мезопорација се користи за:

  • Подмладување на кожата и отстранување на знаците на стареење
  • Подобрување на квалитетот на кожата
  • Освежување на регијата околу очите и отстранување на подочници
  • Третман на пигментации
  • Намалување на порите на лицето и регулирање на себумот
  • Лекување на бројни дерматолошки состојби
 

ЗОШТО Е ДОБРО ДА НАПРАВАМ МЕЗОПОРАЦИЈА ПОРАНО?

Колагенот и еластинот се структурни протеини на кожата од кои зависат нејзината цврстина и еластичност. Се наоѓаат во средишниот дел на кожата, наречен мезодерм. После 25 година од животот, нивната синтеза од фибробластите забрзано почнува да опаѓа. Сочувувањето на количината и цврстината на колагенот во кожата е прв чекор во нејзината долготрајна нега. Површинските козметички препарати не можат да продрат до мезодермот, па затоа и не можат да делуваат на колагенот. Со класичните козметички третмани само 10% од активните супстанции кои се користат при работа продираат подлабоко во кожата. Мезопорацијата е ефикасен начин со кој се зголемува апрсорпцијата на  активни состојки од 10% на 90% на длабочина од 1цм и 65% на длабочина од 6цм. Раниот почеток со овој третман значително го подобрува квалитетот и тонусот на кожата и значајно го превенира нејзиното стареење.  

КАКО ИЗГЛЕДА ОВОЈ ТРЕТМАН?

Мезопорација, позната како неинвазивна или безиглена мезотерапија, претставува алтернатива на класичната мезотерапија со која се внесуваат активни супстанци во средниот слој на кожата.

Мезопорацијата се изведува со современ апарат кој се заснова на феноменот на електропорација. Со нежни движења на сондата се стимулира отварање на привремени канали (мезопори) во липидниот слој на епидермисот, со што се овозможува влез на активните супстанци од мезококтелите во длабинските слоеви на кожата. Во зависност од индикацијата за третманот, користиме различни мезококтели според строго дефинирани протоколи. Може да се примени на лице, врат, деколте, раце и други делови од телото.

ДАЛИ ТРЕТМАНОТ Е БОЛЕН?

Оваа процедура е релаксирачка, нежна и многу пријатна. Третманот е апсолутно безболен и се препорачува за секого, особено за оние кои се плашат од игли.

КОИ СЕ МОЖНИ НЕСКАНИ ЕФЕКТИ И КОГА МОЖАМ ДА СЕ ВРАТАМ НА РАБОТА?

Не постојат несакани ефекти од овој третман. По завршување на третманот нема никави иритации и црвенило, а кожата е освежена и сјајна. Веднаш после третманот може да се вратите на вообичаените дневни активности.

КОЛКУ ТРЕТМАНИ МЕЗОПОРАЦИЈА МИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. За постигнување на посакуваниот ефект, потребно е да се направат  3 до 5 третмани на растојание од 7 до 10 дена, во зависност од индивидуалниот проблем, почетната состојбата на кожата и возраста на индивидуата.

КОГА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА МЕЗОПОРАЦИЈА?

Мезопорација не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Кожни инфекции
  • Инфективни заболувања
  • Лица со имплантирани метални протези и пејсмејкери
  • Онколошки заболувања

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

 
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти