Skip to content

ЛИПОЛИЗА (LIPOLYSIS)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – 20-30 минути

Регија на апликација – лице и тело

Липолиза-Lipolysis

Обезноста или прекумерната дебелина е многу честа појава во денешно време. Оваа состојба бара сериозен пристап бидејќи може да биде причина за бројни здравствени проблеми. Здравиот начин на исхрана и физичката активност се клучни за намалувањето на телесната тежина и зачувување на здравјето. Но, често сме сведоци дека и покрај намалување на килограмите и постигнување на посакуваната тежина, на критичните делови од телото остануваат локализирани масни наслаги кои го нарушуваат посакуваниот облик на телото. Кај жените најчест проблем се локализираните масни наслаги на колковите, стомакот и рацете, а кај мажите главен проблем е стомакот.

Што е липолиза?

Липолизата (Lipolysis / Lipoliza) е метод на нехируршка липосукција со кој се отстрануваат локализираните масни наслаги на одредени делови и телото може да се ремоделира до посакуваната форма. Со липолизата се намалува бројот на масните клетки. Активните супстанци од липолитичките коктели вршат деструкција на масните клетки при што се ослободуваат масни киселини во околното ткиво, кои со помош на циркулацијата се носат во црниот дроб каде што се метаболизираат и потоа се исфрлаат од организмот.  За разлика од липолизата, со помош на диетите се намалува обемот на масните клетки, па затоа и по прекинот на диетата масните клетки лесно можат повторно да се наполнат.

Како изгледа третманот?

Липолитичкиот коктел се внесува директно во масното ткиво со помош на тенки иглички и во текот на следниот месец локализирано ги топи масните наслаги. Во текот на првите месец дена од липолизата неопходно е да се придржувате до советите од лекарот, да се внесува голема количина на течности и да се внимава на исхраната.

Дали липолизата е болна процедура?

Процедурата на липолиза не е болна. Можно е чувство на нелагодност при микроинјектирањето на липолитикот, но тоа зависи од индивидуалната осетливост. Неколку минути после апликацијата се јавува чувство на пецкање и чешање поради дејството на липолитикот. После третманот постои локално црвенило и оток кои брзо се повлекуваат, а можна е појава и на модринки кои во текот на следните 1-2 недели комплетно се повлекуваат.

Каков ефект можам да очекувам?

Видливи резултати може да очекуваме после еден месец од апликацијата. Во текот на еден месец обемот може да се намали од 5-10 cm. Липолизата може да се повторува на 3-6 недели зависно од иницијалниот ефект и посакуваниот резултат. Ефектот од третманот е поизразен доколку се комбинира со масажа и лимфна дренажа.

Кога не се препорачува овој третман?

Липолиза (Lipolysis / Lipoliza) не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Автоимуни заболувања
  • Инфективни состојби
  • Онколошки заболувања
 
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти