Skip to content

МeЗОТЕРАПИЈА НА ТЕЛО (BODY MESOTHERAPY)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – 30 минути

Регија на апликација – Деколте, Раце, Тело, Скалп

mesotherapy-mezoterapija-telo

мезотерапија на тело (body mesotherapy)

Мезотерапија на тело (Mesotherapy) е медицинска процедура со која се внесуваат мезококтели со активни состојки во длабинските делови на кожата. На овој начин кожата се исхранува, длабински се хидрира и се стимулира синтезата на колаген и еластин, со цел да се зачува нејзината цврстина и еластичност. Во естетската медицина се користи за подмладување на кожата и забавување на процесот на стареење, за слабеење и нехируршко ремоделирање на телото, како и за третман против опаѓање на косата.

Што содржат мезотераписките коктели и дали третманот е безбеден?

Мезотераписките коктели во својот состав имаат многу важни активни состојки кои се внесуваат длабински во средниот слој на кожата наречен мезодерм. Изборот на мезококтелот зависи од индикацијата.

Третманот е безбеден. Состојките содржани во мезококтелите и нормално се наоѓаат во кожата, но со текот на годините и под дејство на голем број надворешни влијанија како што се атмосферските услови, сонце и ветер, аерозагадување, лоши животни навики, исхрана и секојдневен стрес, нивната синтеза во организмот се намалува, што значајно се одразува на квалитетот на кожата.

За што се користи МЕЗОТЕРАПИЈА НА ТЕЛО (BODY MESOTHERAPY / MEZOTERAPIJA)?

Мезотерапија на тело (Mesotherapy)  има примена на 

Примена на тело:

  • Третман на целулит (сите 4 стадиуми)
  • Затегнување на кожата на стомакот, колковите и бутовите и околу колената
 

Примена на лице, врат и деколте:

  • Подмладување на кожата и отстранување на знаците на стареење
  • Регенерација и подобрување на квалитетот на кожата
  • Длабока биоревитализација за пополнување на фините брчки

Примена на раце/дланки:

  • Подмладување на кожата и отстранување на знаците на стареење
  • Регенерација и подобрување на квалитетот на кожата
  • Затегнување на кожата на надлактиците

Примена на скалп против опаѓање на коса кај мажи и жени:

  • Спречување на процесот на опаѓање на косата
  • Стимулирање на раст на косата
 

Ефектите од мезотерапијата се локални и системски што придонесува за подмладување и подобрување на состојбата на целиот организам. Резултатите од третманите се фантастични.

Зошто е добро да го направам овој третман порано?

После 25 година од животот, синтезата на колаген од фибробластите забрзано почнува да опаѓа. Сочувувањето на количината и цврстината на колагенот во кожата е прв чекор во нејзината долготрајна нега. Површинските козметички препарати не можат да продрат до мезодермот, па затоа и не можат да делуваат на колагенот. Мезотерапијата е ефикасен начин со кој активните материи се внесуваат во целниот дел на кожата и директно го стимулираат зацврстувањето на постоечкиот и синтеза на нов колаген. Раниот почеток со овој третман значително го подобрува квалитетот и тонусот на кожата и значајно го превенира нејзиното стареење. 

Како изгледа овој третман?

Мезотерапија на тело (Mesotherapy)  се изведува после претходна консултација и преглед од нашите доктори. Третманот се состои од микроинјектирање на мезококтели со многу мали и тенки игли во соодветниот дел на кожата. Во зависност од индикацијата за третманот, користиме различни мезококтели според строго дефинирани протоколи. Може да се примени на лице, врат, деколте, раце, скалп и други делови од телото.

Дали третманот е болен?

Процедурата на апликација на мезотерапија се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот. Постои можност за минимална неудобност, зависно од осетливоста на индивидуата.

Кои се можни нескани ефекти од овој третман?

На местото на инјектирање може да се појават мали модринки, црвенило или лесен оток кои исчезнуваат многу брзо. Исклучително е важно да се придржувате до советите од докторите после овој третман.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку долго ќе траат ефектите?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. За постигнување на посакуваниот ефект, потребно е да се направат  3 до 5 третмани на растојание од 10 дена, во зависност од индивидуалниот проблем, почетната состојбата на кожата и возраста на индивидуата. Согласно потребите на клиентот, овој циклус третмани може да се повтори за 4 до 6 месеци.

Кога не се препорачува МЕЗОТЕРАПИЈА НА ТЕЛО (BODY MESOTHERAPY / MEZOTERAPIJA)?

Мезотерапија на тело (Mesotherapy)  не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Кожни инфекции
  • Инфективни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
 
  Контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти