Skip to content

Очна регија (eye area)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице

ocna regija

Со текот на годините значително се намалува хијалуронската киселина во кожата што резултира со намалена продукција на колагенски влакна, а токму тие се одговорни за еластичноста и флексибилноста на кожата.

Регијата околу очите е најосетлива и тука можеме да ги забележиме првите знаци на стареење на кожата. Кожата во овој дел значително се истенчува и се намалува нејзината еластичност што резултира со појава на брчки околу очите, темни и вдлабнати подочници или пак појава на “ќеси” и надуеност под очите со што ликот добива уморен изглед.

 

Околу очната регија можеме да ја третираме на неколку начини зависно од настанатите промени:

  • FORMA I eye
  • Morpheus 8
  • Ботокс
  • Хијалуронски филери
  • PRP третман
  • Биоревитализација

 FORMA I (eye) е неинвазивен третман за подобрување на изгледот на очната регија. Радиофреквентна енергија продира во кожата и го стимулира создавањето на колаген. Со прецизни движења овозможуваме темелен третман на оваа многу специфична регија. Истовремено стимулираме и регенерација на малите солзни жлезди со што многу успешно се третира симдромот на суво око кој се почесто е присутен кај голем број луѓе. Третманот е пријатен и релаксирачки и соодветен е за секој тип на кожа. Резултатите се видливи веднаш после самиот третман.

FORMA I (eye) е идеален третман за:

  • Подобрување на изгледот на подочниците
  • Измазнување на брчките околу очите
  • Спуштени капаци / птоза
  • Синдом на суво око
  • Освежување на очната регија  
  • Губење на уморниот изглед 

Morpheus 8 претставува иновативен третман со фракционална радиофреквенција во комбинација со microneedling. Овој минимално инвазивен третман користи златни микроиглички кои продираат во кожата на длабочина од 1-2 мм за очната регија, низ кои се пренесува радиофреквентна енергија во длабоките слоеви на кожата. На овој начин многу интензивно се стимулира производството на колаген и еластин со што кожата значајно се подмладува, се измазнуваат фините линии и брчките и се постигнува комплетно природен изглед на ликот.

Morpheus 8 е идеален третман за:

  • Подобрување на изгледот на подочниците
  • Измазнување на брчките околу очите
  • Нехируршка блефаропластика за третман на спуштени очни капаци
  • Третман на маларни едеми (оток под очите)
  • Подмладување на очната регија и губење на уморниот изглед 

Ботокс користиме за третман на брчките околу очите кои се најизразени кога се смееме. Ова е идеален третман со кој ги релаксираме мимичните мускули во оваа регија со што се измазнуваат брчките на кожата. Третманот е безболен и трае околу 15 минути. Резултатите се видливи во следните 4-6 месеци. 

 

Хијалуронските филери се идеален третман за отстранување на темните и вдлабнати подочници кои се јавуваат како последица на губење на волуменот во пределот на солзната бразда и јаболчниците непосредно под неа. Со надополнување на волуменот со хијалуронски филер се отстрануваат вдлабнатите подочници. Аплицираниот слој филер ја намалува видливоста на крвните садови со што значајно се намалува и темната пребоеност. Третманот трае 30 минути, безболен е, пред процедурата се аплицира локален анестетик во вид на крем. Трајноста на ефектите од третманот е 9-12 месеци

PRP (Platelet Rich Plasma) е третман кој ги користи потенцијалите на факторите на раст од сопствената крв за подмладување и регенерација на кожата. Ова е одличен третман за подобруање на квалитетот на кожата во оваа регија, за третман на темни подочници и брчки околу очите. Третманот трае 30 минути, а пред процедурата се аплицира локален анестетик во вид на крем. Бројот на потребни третмани и динамиката ја утврдуваме при првичниот преглед според моменталната состојба и очекуваните резултати.

 

Биоревитализација е процедура со која се аплицира соодветен коктел во одредени делови од оваа регија со што се надокнадува хијалуронската киселина и се стимулира колаген продукцијата во кожата. Ова е една од најбараните естетски процедури со која се третираат брчките околу очите, отоците и “ќесите” под очите, темната пребоеност и се подобрува квалитетот на кожата. Третманот трае 20-30 минути, а пред процедурата се аплицира локален анестетик во вид на крем. За постигнување на оптимални резултати се препорачува серија од 4-5 третмани на 2 недели зависно од состојбата на кожата.

Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти