Skip to content

ПРП (Platelet Rich Plasma)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 45 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте, скалп, раце, тело

PRP Platelet Rich Plasma

ПРП (Platelet Rich Plasma)

PRP (Platelet Rich Plasma) е третман кој ги користи потенцијалите на факторите на раст од сопствената крв за подмладување и регенерација на кожата.

Дали PRP третманот е безбеден?

Третманот е безбеден бидејќи ги користи потенцијалите на сопственото ткиво (крвта), па поради тоа не постои никаков ризик од имунoлошка или алергиска реакција.

За што најчесто се користи овој третман?

ПРП (PLATELET RICH PLASMA) третманот се користи за:

  • Регенерација на кожата и подобрување на нејзиниот квалитет
  • Подобрување на тонусот и текстурата на кожата
  • Освежување на уморниот изглед
  • Намалување на подочници и освежување на околуочната регија
  • Подмладување на кожата и ублажување на брчките
  • После ласерски третмани, хемиски пилизни или други агресивни третмани
  • Третман на акни и лузни од акни
  • Лекување на лузни од друга природа
  • Третман на стрии
  • Против опаѓање на косата и стимулирање на нејзин раст
  • Третман на хиперпигментации итн.
 
 

Дали овој третман е прав избор за мене и зошто е добро да го направам порано?

Со текот на годините кожата го губи својот сјај, се намалува нејзината цврстина и еластичност поради намалување на синтезата на колаген и хијалуронска киселина. Овој третман користејќи ги потенцијалите на сопствените фактори за раст е најприродно решение за обнова на сите структури на кожата бидејќи ја стимулира синтезата на колаген и го подобрува протокот на крв во третираните подрачја што резултира со поздрава регенерирана и подмладена кожа.

Како изгледа ПРП (PLATELET RICH PLASMA) третманот?

Најпрво се вади крв од вена, која потоа лабораториски се обработува и преку процес на центрифугирање се одвојува плазмата богата со тромбоцити од останатите крвни елементи. Вака обработената плазма богата со тромбоцити и фактори на раст со помош на мали и тенки игли се аплицира на соодветните места на кожата во одредена регија со што започнува процесот на биостимулација и регенерација на кожата. Апликацијата на PRP трае од 15-30 минути зависно од регијата, а целиот третман вклучувајќи го и процесот на обработка на плазмата трае околу 45 минути.

Дали третманот е болен?

Процедурата на апликација на PRP се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот. Постои можност за минимална неудобност, зависно од осетливоста на индивидуата.

Кои се можни несакани ефекти од овој третман?

На местото на инјектирање може да се појават мали модринки, црвенило или лесен оток кои исчезнуваат многу брзо. Исклучително е важно да се придржувате до советите од докторите после овој третман.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку долго ќе траат ефектите?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман, но посакуваните ефекти најдобро се забележуваат  3 недели после третманот.

Кога не се препорачува ПРП (PLATELET RICH PLASMA) третманот?

Овој третман не се препорачува при:

  • Автоимуни заболувања
  • Болести на крвта
  • Пациенти со антикоагулантна терапија
  • Хронични заболувања на црниот дроб
  • Акутни и хронични инфективни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Контактирајте не за да го закажете Вашиот бесплатен консултативен разговор во нашата клиника.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти