Skip to content

Lumecca

Неинвазивна процедура

Времетраење – 30 минути

Регија на апликација – лице и тело

Lumecca е многу моќна IPL технологија за третман на пигментни промени и васкуларни лезии на кожата.

Во Скинфинити ја имаме првата и единствена OPTIMAS платформа на InMode во земјава која ги комбинира најсовремените светски третмани за нега на лицето и телото Morpheus 8, Lumecca, Forma и Diolaze XL.

На кој принцип работи Lumecca?

Lumecca e многу моќна IPL (Intelsive Pulse Light) технологија. Работи на принцип на фототермолиза, која овозможува удобен и ефикасен третман со светлина на пигментните промени и васкуларните лезии на кожата.

За што се користи Lumecca?

Lumecca е идеален третман за:

  • Розацеа
  • Купероза
  • Видливи капилари на носот
  • Васкуларни лезии на кожата
  • Сончеви и старечки пеги
  • Пигментни промени на кожата
  • Третман на оштетување на кожата од сонцето
  • Изедначување на тенот

Кои делови од телото може да се третираат со Lumecca?

Lumecca може да се користи на сите делови од лицето и телото. Третманот е идеален за сите регии кои се изложени на сонце:

  • Лице
  • Врат
  • Деколте
  • Дланки
  • Раце
  • Нозе

Колку третмани ми се потребни и кога да ги очекувам првите резултати?

Во зависност од промените на кожата и сериозноста на проблемот, потребни се од 1-3 третмани да се подобри состојбата на кожата оштетена од сонцето, да се елиминираат флеките и да се постигне максимален резултат.

Веќе после првиот третман може да приметите осветлување на промените и подобар изглед на кожата.

Што можам да очекувам после третманот на пигментните промени?

Во текот на третманот можни се лесно црвенило и благо загревање на кожата кои се повлекуваат во текот на следниот час после процедурата. Може да се примети лесно потемнување на промените во текот на првите 2 дена од третманот, а потоа во текот на следните недели пигментните промени ќе избледат и кожата ќе биде посветла и поубава.

Што можам да очекувам после третманот на васкуларните лезии?

После третманот на васкуларните лезии, може да приметите промена на бојата на крвните садови и понагласени капилари во текот на наредните неколку дена. Промените се повлекуваат за неколку дена, а резултатите се видливи 1-2 недели после првиот третман.

Како да се подготвам пред третманот со Lumecca?

Месец дена пред третманот треба да се избегнува сончање и солариуми. Се препорачува да се избегнуваат препарати на база на ретинол и киселини 7-14 дена пред третманот.

Како да ја негувам кожата после третманот со Lumecca?

Шест недели после процедурата задолжително треба да се користи крема со заштитен фактор од сонцето SPF50+. Шминка може да се користи веднаш после третманот.

Кога не е дозволен третманот со Lumecca?

Третманот не се изведува во тек на бременост и доење. Контраиндициран е при хронични заболувања на кожата, автоимуни заболувања, онколошки заболувања и кај пациенти со акутни и инфективни состојби.

Дали може Lumecca да се прави во комбинација со други процедури?

Lumecca  може да се комбинира со други третмани за нега на кожата по претходна консултација со нашите лекари специјалисти во Скинфинити.

Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Закажете консултација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани

консулTација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти