Skip to content

Радиофреквентен лифтинг

Неинвазивна процедура – со апарат

Времетраење – околу 45 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Радиофреквентен лифтинг (radiofrequency lifting)  е  современ естетски третман за редуцирање на брчките и затегнување на кожата. Овој третман е алтернатива на хируршкиот лифтинг и други инвазивни естетски процедури.

Радио брановите продираат во подлабоките слоеви на кожата, предивикуваат загревање на ткивото и стимулирање на интензивна синтеза на колаген и еластин. Истовремено се подобрува циркулацијата, се стимулира метаболизмот во кожата и се подобрува мускулниот тонус. Радио брановите овозможуваат активните состојки кои се користат при третманот, брзо да навлезат во длабоките слоеви на кожата. Кожата станува мазна и сјајна. Третманот истовремено стимулира апоптоза, уништување на масните клетки, што резултира со намалување на масното ткиво во третираната регија.

Радиофреквентен лифтинг (radiofrequency lifting) лифтингот се препорачува при:

  • Опуштена кожа на лицето
  • Појава на брчки на лицето, околу устата, очите и на челото
  • Опуштање на кожата под брадата
  • Нееднаква структура на кожата
 

Ефектот е моментално видлив. Резултатот е затегната, освежена и подмладена кожа.

Овој третман е соодветен за сите типови кожа и не постојат возрасни ограничувања почнувајќи од 25 година. Може да се прави во било кој период од годината. Не постои лимит во бројот на третманите. Ние препорачуваме да се направат најмалку 1-2 циклуси на третмани годишно, а зависно од возраста и состојбата на кожата може да се прават од 5-20 третмани во низа, 1-2 пати неделно.

Во текот на следните 3-6 месеци после третманот ќе се забележи постепено подобрување на еластицитетот и структурата на кожата. Резултатите траат до 2 години.

После третманот не се препорачува дирекна изложеност на сонце, користење на сауна и други топли процедури.

Радиофреквентен лифтинг (radiofrequency lifting) не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Дијабет
  • Проблеми со срцето и имплантиран pace maker
  • Изгореници и повреди во регијата што треба да се третира
  • Метални протези околу регијата што се треба да се третира
  • Акутни инфекции
 
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 
Радиофреквентен лифтинг

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти