Skip to content

ТРЕТМАН СО ЗЛАТО И КАВИЈАР (Golden Skin Caviar)

Неинвазивна процедура

Времетраење – околу 60 минути

Регија на апликација – лице

Golden Skin Caviar

Golden Skin Caviar третманот е еден од најпосакуваните спа третмани. Овој третман со кавијар и 24 каратно злато некогаш бил привилегија само за богатите и кралските семејства, но денес во него може да ужива секој што ќе посака.

Ова е идеален anti-aging третман кој значајно ја хидрира кожата, ги измазнува брчките, го изедначува тенот и ги смирува инфламаторните процеси на кожата. 

Овој луксузен и релаксирачки третман започнува со длабинско чистење на лицето, нежна ексфолијација со пилинг, релаксирачка масажа на лицето со крема од кавијар и две маски со 24 каратно злато.

ПРИДОБИВКИ ОД ТРЕТМАНОТ СО ЗЛАТО И КАВИЈАР

          Длабинска хидратација на кожата

          Стимулација на колаген продукцијата

          Подобрување на еластичноста на кожата

          Измазнување на фините линии и брчките

          Превенција на предвремено стареење на кожата

          Избелување на дамките и изедначување на тенот

          Смирувачко дејство со повлекување на црвенилото

          Подобрување на циркулацијата низ кожата и елиминација на токсините

          Заштита од надворешни атмосферски влијанија и оштетувања од слободните радикали

Овој третман е соодветен за сите типови кожа. Трае околу еден час. На крајот од третманот кожата е затегната, мазна и сјајна, со изедначен тен и богата со енергија.

Резултатите се веднаш забележливи уште после првиот третман. За долготрајни резултати препорачуваме овој третман да се прави 2 пати месечно и да се придржувате до советите од стручните лица за нега на Вашата кожа. После третманот може веднаш да се вратите на работа.

КАКО 24 КАРАТНОТО ЗЛАТО ДЕЛУВА НА КОЖАТА?

24 каратното злато своето благопријатно дејство на кожата го изразува на повеќе начини. Делува стимулативно на колаген продукцијата, ја подобрува еластичноста на кожата и го спречува процесот на стареење. Делува смирувачки на различни процеси во кожата и го ублажува црвенилото. Го подобрува изгледот на пигментните дамки и го изедначува тенот на кожата преку забавување на синтезата на меланин. Има антиоксидативно дејство со што кожата ја штити од дејството на УВ зрачењето и слободните радикали. Кожата ја прави мазна, сјајна и богата со енергија.

КАКО КАВИЈАРОТ ДЕЛУВА НА КОЖАТА?

 

Кавијарот е богат со протеини, витамини и антиоксиданси што го прави идеален за третман на кожата на лицето. Длабински ја хидрира кожата, го подобрува нејзиниот имун систем и ја штити од дејството на надворешните атмосферски влијанија и оштетувањата од слободните радикали. Ја стимулира колаген продукцијата, како и клеточната делба, со што значајно го подобрува квалитетот на кожата. Неговата козметичка важност е во осветлувањето на пигментациите на кожата, изедначување на тенот и смирување на црвенилото на кожата. 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти