Skip to content

Ласерска епилација

Неинвазивен третман
Соодветна возраст 18+

Времетраење – 30 - 60 мин

Регија на апликација – лице и тело

Ласерската епилација со најсовремениот ласер Diolaze XL by InMode е достапна ексклузивно само кај нас во Скинфинити.
Во Скинфинити ја имаме првата и единствена OPTIMAS платформа на InMode во земјава која ги комбинира најсовремените светски третмани за нега на лицето и телото Morpheus 8, Lumecca, Forma, Diolaze XL и Body FX.

На кој принцип работи ласерската
епилација?

 

Diolaze XL е моќен диоден ласер за трајно отсранување на влакната. Ласерскиот зрак прави фотокоагулација на пигментот во влакното и на тој начин го уништува влакнениот фоликул. За успешна ласерска епилација се потребни влакна во активна фаза на раст, па затоа се
потребни неколку третмани со цел отстранување на сите влакна од кожата. Ласерските зраци продираат до дермалниот слој на кожата, онаму каде што се сместени фоликулите на влакната, па затоа овој процес е безбеден и не може негативно на влијае на подлабоките структури и органи.

Како изгледа процесот на ласерска епилација?

Консултативен разговор и преглед на кожата од нашите стручни лица претходи на третманот за ласерска епилација.

На почетокот сите бенки на кожата се маркираат и се заштитуваат. Се обележува зоната која ќе се третира и се нанесува транспарентен гел како медиум низ кој се пренесува ласерскиот зрак. Ласерската епилација се прави со Diolaze XL by InMode чија сонда има сопствен систем за ладење што ја прави процедурата максимално комфорна.

На кои делови од телото може да
се прави ласерска епилација?

Ласерската епилација може да се прави на сите регии каде што влакната претставуваат проблем. Најчесто третирани зони се лицето, рацете, нозете, пазувите, интимната регија, како и грбот, стомакот и градите.

Дали може да го правам третманот во текот на целата година?

Diolaze XL е безбеден ласер за сите фототиопови на кожа што го прави безбеден за третман во текот на целата година. Ласерската епилација се изведува безбедно во текот на целата година. За максимална безбедност препорачуваме третманот да се прави две недели пред и после директно изложување на сонце (сончање).

Колку третмани ми се потребни за видливи резултати и на колку време треба да се повторуваат третманите?

Бројот на потребни третмани и динамиката со која се прават се одредува во консултација со нашите стручни лица во Скинфинити.

Видливи резултати со значајна редукција на влакната се забележува после првиот третман. Серија од 6 третмани во најголем број од случаите комплетно го решава проблемот со влакнатоста.

Дали третманот е болен?

Нашиот ласер има сопствен систем за ладење на кожата што го прави процесот на епилација безболен. Во тек на третманот може да чувствувате лесно пецкање на кожата.

Како да се подготвам пред третманот?

Еден ден пред третманот на ласерска епилација потребно е да ги избричите влакната. Во периодите помеѓу третманите важно е да не ги депилирате влакната со восок или други методи. За да ги отстраните постоечите влакна практикувајте бричење помешу два третмани на ласерска епилација.

Како да ја негувам кожата после ласерската епилација?

Веднаш после самиот третман кожата ја чувствувате понежна и помека. Не се вообичаени иритации на кожата , освен можно лесно црвенило кое се смирува за многу кратко време. Препорачуваме користење на креми за заштита од сонцето и хидратација на кожата.

Дали постојат одредени состојби кога не се препорачува ласерска епилација?

Постојат одередни здравствени состојби во организмот кои доведуваат до појава на прекумерна влакнатост на кожата, како што се хормонска хиперстимулација или други заболувања. Во овие случаи можно е да има потреба од повеќе третмани за комплетно решавање на проблемот.

Состојби после онколошки третман со примена хемотерапија и радиотерапија бараат претходен преглед од дерматолог во нашата клиника.

Најдобар резултат имаат лицата со темни влакна. За оние со светли влакна потребен е претходен преглед од дерматолог за да се утврди дали се соодветни кандидати за оваа процедура.

 Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

 

Закажете консултација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

консулTација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти