Skip to content

Мадеро терапија за лице

Масажа

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице

Мадеро терапија за лице ( Face maderotherapy)

Мадеро терапија за лице ( Face Maderotherapy) 

 Мадеро терапијата на лице се користи за подмладување и нега на лицето, вратот и деколтето. Третманот се состои од релаксирачка масажа и се изведува со помош на дрвени ролери со кои се прават повторувачки подлабоки движења при што се врши активација на фибробластите за зголемена продукција на колаген и еластин. Овие движења влијаат на релаксација на мускулите на лицето, забрзување на циркулацијата и лимфната дренажа, со што се зголемува снабдувањето на клетките со хранливи материи и кислород, како и елиминација на токсините.

Придобивки од мадеро терапијата на лице:

  •           Ослободување од стресот
  •           Релаксација на умот
  •           Ублажување на главоболки
  •           Затегнување и подобрување на тонусот на лицето, вратот и деколтето – лифтинг ефект
  •           Освежување на кожата
  •           Превенција на стареење на кожата

Еден третман мадеро терапија на лице трае 30 минути. За постигнување на поконкретни резултати потребна е серија од 10 третмани, која што препорачливо е да се повторува на одредено време за одржување на постигнатите резултати.

Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти