Skip to content

За нас

Skinfinity е современ центар за естетска медицина и козметологија и е дел од МедикаС семејството. 

Нашиот тим е составен од лиценцирани доктори специјализирани во областа на естетската медицина и сертифицирани професионалци во козметологијата со големо искуство зад себе.  

Веруваме дека секој заслужува да се чувствува задоволен од својот изглед, а ние тоа го постигнуваме преку индивидуалниот пристап кој ги комбинира здравјето и убавината и широката палета на услуги кои ги нудиме во нашата клиника. Нашиот удобен амбиент ќе Ви овозможи да се релаксирате, да уживате и да избегате од секојдневниот стрес.

Имаме поставено највисоки стандарди во обезбедување на квалитетна услуга од врвни професионалци, а при работата користиме високо квалитетни производи од реномирани светски брендови. Одржувањето на чиста и безбедна средина е наш главен приоритет.
Нашиот искусен тим ќе го даде најдоброто од себе за да изгледате убаво и да се чувствувате задоволни. 

Искористете ги предностите на современата естетска медицина, негувајте ја својата убавина и одложете го процесот на стареење!
Ве очекуваме!

Medikas Zgrada Tim

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти