Skip to content

Morpheus 8

Минимално инвазивен третман

Времетраење – 60 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте и тело

Оригиналниот Morpheus 8 – еден од најпопуларните светски третмани за нега и подмладување на кожата, сега достапен и кај нас.

Во Скинфинити ја имаме првата и единствена OPTIMAS платформа на InMode во земјава која ги комбинира најсовремените светски третмани за нега на лицето и телото Morpheus 8, Lumecca, Forma и Diolaze XL.

Morpheus 8 – На кој принцип работи овој третман?

Morpheus 8 претставува иновативен третман со фракционална радиофреквенција во комбинација со microneedling. Овој минимално инвазивен третман користи златни микроиглички кои продираат во кожата на длабочина од 1-4 мм за лицето и до 7 мм за телото, низ кои се пренесува радиофреквентна енергија во длабоките слоеви на кожата и поткожното ткиво. На овој начин многу интензивно се стимулира производството на колаген и еластин со што кожата значајно се подмладува, се измазнуваат фините линии и брчките и се постигнува лифтинг ефект со комплетно природен изглед на ликот. Истовремено се предизвикува топење на локализираните масни наслаги, со што се истакнуваат фините контури, особено во долната третина на лицето.

Третманот се користи и за нега и обликување на телотото преку ремоделирање на целулитот и  затегнување на кожата.

За што се користи Morpheus 8 третманот?

Третманот се користи за нега на лицето, вратот и деколтето, како и за различни регии на телото.

  •          Измазнување на фините линии и брчките
  •          Лифтинг ефект со максимално природен изглед
  •          Истакнување на контурите на лицето
  •          Затегнување на долната третина на лицето и истакнување на jawline
  •           Топење и затегнување на подбрадокот
  •          Подобрување на изгледот на околу очната регија – нехируршка блефаропластика
  •          Подобрување на текстурата на кожата
  •           Третман на лузни од акни и друга природа
  •           Третман на стрии и затегнување на кожата на стомакот после породување
  •           Третман на целулит
  •          Затегнување на регијата околу колената и лактите …

Кои се идеални кандидати за оваа процедура?

Morpheus 8 третманот е одлично решение за оние кои сакаат суптилен третман против стареење на кожата со резултати кои со тек на времето стануваат повидливи.

Кандидати за оваа процедура се оние кои што почнуваат да ги приметуваат првите промени на стареење на кожата, со цел на време да се спречи појавата на првите брчки и видлива опуштеност на кожата.

Идеални кандидати се повозрасни лица кои сакаат да ја затегнат кожата на лицето, вратот и деколтето која со годините се опуштила и да ги корегираме веќе видливите брчки на лицето.

Кога да ги очекувам првите резултати од третманот?

Формирањето на нов колаген и еластин започнува по 3 недели, па резултатите почнуваме да ги приметуваме после 3- 4 недели од третманот, а највпечатливи се после 3-6 месеци од процедурата. Квалитетот на кожата продолжува да се подобрува до година дена од првиот третман.

Колку третмани со Morpheus 8 ми се потребни?

Во зависност од состојбата на регијата која што се третира, како и од очекуваните резултати, најчесто се препорачува серија од 3 третмани на растојание од 4-6 недели.

Резултатите од третманите со Morpheus 8 се трајни. Со цел одржување на постигнатите резултати се препорачува повторување на третманот еднаш годишно.

Кои се предности на Morpheus 8?

Третманот е погоден за сите типови на кожа и за секоја возраст. Со третманот се стимулира колаген и еластин продукцијата во длабоките слоеви без никакви видливи оштетувања на кожата.

Може да се прави во било кој период од годината.

Што да очекувам после третманот и како да ја негувам кожата после Morpheus 8?

Во текот на првите 2-3 часа после процедурата има забележливо црвенило на лицето кое се смирува во текот на денот. Во текот на следните денови на кожата и е потребна поинтензивна хидратација и SPF заштита од сочневите зраци. Нашите лекари специјалисти ќе Ви дадат контретни насоки за нега на кожата во следните денови.

Следниот ден после третманот може да продолжите со Вашите вообичаени секојдневни активности. Не се препорачува шминка во текот на следните 2 дена после третманот, како и интензивна физичка активност и користење на спа центри.

 Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

Закажете консултација

Закажете  консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

консулTацијA

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти