Skip to content

Микродермоабразија

Неинвазивна процедура – со апарат

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте, раце и одредени делови од тело

Mikrodermoabrazija

Вовед во Микродермоабразија (Microdermabrasion)

Микродермоабразија (Microdermabrasion) е еден од лидерите во неинвазивните козметички процедури. Со помош на дијамантски кристали под благ притисок се врши механичко чистење на површинскиот слој на кожата, отстранување на оштетените и изумрени клетки од површинскиот епидерм и отворање на запушените пори со што на кожата и се овозможува полесно да дише. 
Истовремено со сондата се врши вакум масажа која ја стимулира циркулацијата и лимфната дренажа на лицето, како и регенерацијата на кожата преку поттикнување на клеточното обновување и синтеза на колаген и еластин. Финалниот ефект е ревитализирана, мазна и сјајна кожа.
 
Микродермоабразија (Microdermabrasion) или позната како кристален пилинг, е ефективен третман за:
  • Измазнување на фините брчки
  • Изедначување на тенот и третман на хиперпигментации
  • Подобрување на тонусот и текстурата на кожата
  • Чистење на масна и акнозна кожа
  • Ублажување на лузни од акни и друга природа
  • Стимулирање на создавање нов колаген и регенерација на кожата итн.
 
Микродермоабразија (Microdermabrasion) трае околу 30 минути зависно од тоа која регија се третира. Видливи резултати се забележуваат веднаш после првиот третман. За постигнување на оптимален ефект потребно е да се направи циклус од неколку третмани на интервал од 2-4 недели. 
 
После третманот можно е лесно црвенило и зголемена осетливост на кожата, кои се повлекуваат во текот на следниот ден. Не се препорачува изложување на сонце после третманот и задолжителна е употребата на креми со заштитен фактор.  Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Потребно е да се избегнуваат пилинзи, депилација на лицето и ласерски процедури во текот на следните 2 недели. На работа може да се вратите веднаш после третманот.
  
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 
Микродермоабразија

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти