Skip to content

Peel2Glow

Неинвазивна процедура

Времетраење – 40 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Peel2Glow e моќен третман создаден на кожата да и овозможи моментална трансформација давајќи и луксузен сјај и подмладување со изразен лифтинг ефект на лицето, вратот и деколтето.

ПРИДОБИВКИ ОД ТРЕТМАНОТ:

  • Луксузен сјај на кожата
  • Лифтинг ефект, затегнување на кожата
  • Anti-ageing eфект, измазнување на фините линии и брчките
  • Избелување на пигментните промени и изедначување на тенот
 

ПРОФЕСИОНАЛЕН PEEL2GLOW ТРЕТМАН

Кај нас во Скинфинити е достапен професионален третман Peel2Glow за комплетно уживање и релаксација. Овој третман совршено се комбинира со други третмани кои што значајно го зголемуваат ефектот од третманот. Комбинации на третмани кои што ние ги препорачуваме за освежување, интензивна хидратација и потенцирање на лифтинг ефектот се:

  • Dermo OXY кислороден третман
  • Ултразвучен лифтинг
  • Радиофреквентен лифтинг
  • Cryofrequency – криофреквентен лифтинг на лице
  • Мезопорација
 

Peel2Glow третманот се состои од две фази:

1. PEEL – пилинг базиран на AHA или протеаза ензим кој нежно го ексфолира површинскиот слој на мртви клетки, со што се намалуваат фините линии, кожата се затегнува (лифтинг ефект) и се унифицира тенот на кожата

2. GLOW – концентрирани дози на најсовремени состојки за видливо мазна, цврста и обновена кожа. Го подобрува изгледот на фините линии и брчките и ја зајакнува кожата, давајќи го луксузниот сјај на лицето.

ДОМАШНА НЕГА СО PEEL2GLOW

Луксузниот сјај може да биде достапен за вас и дома! Peel2Glow е единствениот третман за домашна нега кој совршено се вклопува во вашата рутина за нега на лицето, а ќе ви ги овозможи сите овие придобивки.

Како се употребува Peel2Glow за домашна нега?

1. Земете ја ампулата PEEL. Отстранете го горниот дел од ампулата. Ставете го диспанзерот до линијата на ампулата. Капнете неколку капки од растворот PEEL на прстите. Нанесете нежно низ целото лице, вратот и деколтето. Оставете 2-3 минути да постои па измијте ја убаво кожата со вода.

2. Земете ја смпулата GLOW. Отстранете го горниот дел од ампулата. Ставете го диспанзерот до линијата на ампулата. Капнете неколку капки од растворот PEEL на прстите. Нанесете нежно низ целото лице, вратот и деколтето со нежни масажни движења и тапкање.

За третман на лицето е доволна половина ампула PEEL/GLOW. За третман на лице, врат и деколте се користи цела ампула PEEL/GLOW.

Достапни пакувања од 2 ампули и 10 ампули во Skinfinity:

  • Brightening &Filling
  • Sleep & Repair
  • Refine & Allure
 

Како дел од Peel2Glow линијата за домашна нега на лицето ви ги препорачуваме:

ULTRA V CREAM  – крема за домашна нега со лесна текстура која го одржува волуменот и хидратацијата на кожата, ги корегира несовршеностите и ги измазнува фините линии и брчките на лицето. На површината на кожата состава заштитен филм кој ја штити од агресивните надворешни фактори и ја одржува хидрираноста на кожата. Ultra V Cream содржи единствена комбинација на комплекс од витамини A,E,C,F, H, B6 I B5 и моќни антиоксиданси. Синергистичкото дејство на активните состојќи и овозможува на кожата подобрување на заштитната бариерна функција, соодветен одговор на стрес и надворешни влијанија, одржување на балансот на себум продукција и осветлувачки ефект преку внес на витамин Ц во кожата без нејзина иритација.

NEOSOLEX MIST е иновативна формулација на спреј со заштитен SPF фактор создаден за заштита од штетното UVA/UVB сончево зрачење и слободните радикали. Се препорачова за сите типови кожа, особено за кожа оштетена од сончево зрачење, кожа која што била експонирана на претходна ексфолијација, ласерски третмани или други естетски процедури со кои се зголемува кожната апсорпција. Лесен е за апликација на кожата, не е леплив и одлично ја хидрира кожата. Соодветен е за секојдневна употреба во текот на целата година.

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти