Skip to content

УЛТРАЗВУЧНА ШПАТУЛА

Неинвазивна процедура

Времетраење – 45 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Прв и основен чекор во негата на лицето е чистење на кожата. Ултразвучното чистење на лицето е современа метода за атрауматско чистење на лицето со помош на ултразвучна шпатула која има за цел да ги отстрани изумрените клетки на површината на кожата и другата нечистотија од лицето и да ги отвори порите на лицето, со што овозможува подобра апсорпција на активните состојки кои се користат при третманот. Третманот се одвива во две фази: чистење на кожата и нејзино исхранување и хидратација.

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ТРЕТМАНОТ СО УЛТРАЗВУЧНА ШПАТУЛА?

Ултразвучното чистење на лицето е нежна процедура, со моментално видливи резултати. Најпрво, кожата се чисти и тонира и се подготвува за третманот со ултразвучна шпатула. Потоа следи нежен пилинг и масажа на лицето. Со ултразвучната шпатула се отстранува површинскиот епидермален слој од мртви клетки и насобрани нечистотии на површината на кожата, се отвораат порите и се извлекува нивната содржина, себум и останати нечистотии. За време на третманот под дејство на ултразвучните бранови се врши микромасажа на лицето со што се активира клеточниот метаболизам и регенеративните процеси, се подобрува циркулацијата и лимфната дренажа во кожата. Ова овозможува многу добра апсорпција на активните состојки кои се користат во текот на самиот третман, интензивна хидратација и исхранување на кожата. По завршување на третманот се нанесува соодветна маска со што кожата сосема се смирува, исхранува, а проширените пори се затвараат. На крајот на третманот кожата изгледа подмладено, одморено и поздраво.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ УЛТРАЗВУЧНА ШПАТУЛА?

Третманот е соодветен за секој тип на кожа и се користи за:

  • oтстранување на површинскиот епидермален слој на мртви клетки и забрзување на клеточниот “turnover”
  • длабинско чистење на порите на лицето, вратот и деколтето
  • превенција и третман на акни
  • подмладување на кожата и измазнување на брчките на лицето
  • намалување на отоци на лицето (лимфна дренажа)
  • намалување на хиперпигментации и изедначување на тенот
  • ублажување на лузни
  • превенција на одредени дерматолошки состојби
  • стимулирање на клеточната регенерација после одредени хируршки интервенции или хемиска ексфолијација
 

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА УЛТРАЗВУЧНОТО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО?

Предности на ултразвучното чистење на лицето:

  • атрауматско чистење на лицето, кожата не се иритира и не се повредува за време на третманот
  • потребно е пократко време за процедурата, а значајно подобри резултати
  • безболен третман, идеален за оние со низок праг на болка
  • соодветен за нормална, сензитивна и проблематична кожа
  • освен чистење, се врши и микромасажа на лицето
  • позитивен ефект на циркулацијата и имуните процеси во кожата
  • подобра апсорпција на активните состојки од серумите и кремите кои се користат при третманот
  • зголемување на еластичноста на кожата поради зголемено создавање на колаген и еластин во кожата

После третманот кожата е чиста, нежна, мазна, сјајна и затегната, полна со енергија.

ШТО ДА ОЧЕКУВАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ СО УЛТРАЗВУЧНА ШПАТУЛА?

По завршување на третманот со ултразвучна шпатула нормално е да се очекува благо црвенило на лицето кое се повлекува во текот на 1-2 часа по процедурата. После третманот, во текот на следните 24 часа, да се избегнува изложување на директна сончева светлина, солариуми и сауни. Се препорачува користење на крема со заштитен фактор.

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

 
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти