Skip to content

Hydrafacial

Неинвазивна процедура

Времетраење – 30-75 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте, раце, тело

Најпосакуваниот  светски третман за регенерација и подмладување на кожата достапен кај нас во Skinfinity. Доколку посакувате здрава, сјајна и негувана кожа Hydrafacial е третманот за вас.

Hydrafacial Syndeo во Skinfinity e најновата генерација на Hydrafacial која овозможува многу поперсонализиран пристап и значајно подобро искуство од самиот третман.

Hydrafacial е нежен неинвазивен третман  со веднаш видливи резултати и без период на опоравување. Револуционерната Vortex технологија овозможува длабинско чистење на кожата без иритации, со истовремена длабинска хидратација и нутриција на кожата, дополнети со антиоксидантна заштита од надворешните влијанија. Уникатната LED LightStim Elipsa терапија и лимфната дренажа ја подмладува кожата и овозможува здрав изглед и убав сјај. 

КАКО ИЗГЛЕДА HYDRAFACIAL ТРЕТМАНОТ?

Третманот започнува со Hydrafacial лимфна дренажа за детоксикација на кожата и намалување на надуеноста на лицето. Овој чекор трае 30 минути и овозможува инстант лифтинг ефект и контурирање на лицето. 

Следи длабинско чистење на кожата и ексфолијација за отстранување на површинскиот слој од мртви клетки.

Третманот продолжува со нежен пилинг за отстранување на нечистотијата на кожата без иритација и хидроекстракција на содржината од порите.

Единствената Vortex технологија овозможува дллабинска хидратација со внес на хијалуронска киселина и потребни нутритиенти во длабоките слоеви на кожата, дополнети со антиоксидантна заштите од надворешни влијанија и оксидативен стрес.

Изборот на специфичен Skin Booster ја подобрува текстурата на кожата, го изедначува тенот и ја подмладува кожата подобрувајќи ги фините линии и брчки на кожата. 

LED LightStim терапијата ни овозможува третман со црвена или сина светлина со anti aging и антиинфламаторен ефект.

Третманот може да биде дополнет со Perk LIPS или Perk EYES третман за освежување и длабинска хидратација на регијата околу очите и усните.

Постојат три различни Hydrafacial третмани : Hydrafacial Signature, Hydrafacial Deluxe и Hydrafacial Platinum.

HYDRAFACIAL SIGNATURE TREATMENT

 

Hydrafacial SIGNATURE третманот трае 30 минути и ги вклучува следните чекори:

  1. Длабинско чистење и ексфолијација на кожата за отстранување на површинскиот слој од мртви клетки
  2. Нежен пилинг за отстранување на нечистотијата на кожата без иритација
  3. Хидроекстракција на содржината од порите
  4. Длабинска хидратација на кожата со внес на хијалуронска киселина со уникатната Vortex технологија
  5. Антиоксидантна заштита од надворешни влијанија и оксидативен стрес

HYDRAFACIAL DELUXE TREATMENT

Hydrafacial DELUXE третманот е напреднат Hydrafacial третман кој Ви овозможува 45 минутно уживање. Овој третман ги вклучува следните чекори:

  1. Длабинско чистење и ексфолијација на кожата за отстранување на површинскиот слој од мртви клетки
  2. Нежен пилинг за отстранување на нечистотијата на кожата без иритација
  3. Хидроекстракција на содржината од порите
  4. Длабинска хидратација на кожата со внес на хијалуронска киселина со уникатната Vortex технологија
  5. Антиоксидантна заштита од надворешни влијанија и оксидативен стрес
  6. Skin Booster – за подмладување на кожата, подобрување на текстурата и изедначување на тенот
  7. LED LightStim Elipsa Therapy – третман со црвена или сина светлина со anti aging и антиинфламаторен ефект

HYDRAFACIAL PLATINUM TREATMENT

Hydrafacial PLATINUM третманот е најсофистицираниот Hydrafacial третман кој Ви овозможува 75 минутно уживање. Овој третман ги вклучува следните чекори:

  1. Hydrafacial лимфна дренажа за детоксикација на кожата и намалување на надуеноста на лицето. Овозможува инстант лифтинг ефект и контурирање на лицето. Овој чекор трае 30 минути
  2. Длабинско чистење и ексфолијација на кожата за отстранување на површинскиот слој од мртви клетки
  3. Нежен пилинг за отстранување на нечистотијата на кожата без иритација
  4. Хидроекстракција на содржината од порите
  5. Далабинска хидратација на кожата со внес на хијалуронска киселина со уникатната Vortex технологија
  6. Антиоксидантна заштита од надворешни влијанија и оксидативен стрес
  7. Skin Booster – за подмладување на кожата, подобрување на текстурата и изедначување на тенот
  8. LED LightStim Therapy – третман со црвена или сина светлина со anti aging и антиинфламаторен ефект

HYDRAFACIAL LED LIGHT STIM ELIPSA

Hydrafacial LED Light Stim Elipsa е третман со црвена или сина светлина како дел од Hydrafacial третманите или индивидулен третман со anti aging и антиинфламаторен ефект. Кај најновата генерација Hydrafacial Syndeo овој третман се изведува со тунел елипса кој овозможува континуирана рамномерна дистрибуција на LED светлината на лицето и вратот.

Сината светлина ја смирува инфламацијата на кожата, го намалува црвенилото и дава одлични резултати во третманот на акните.

Црвената светлина го стимулира создавањето на колаген и го подобрува тонусот на кожата, ја подмладува кожата и ги ублажува фините линии и брчките.

PERK EYES & PERK LIPS

Третманот може да биде дополнет со Perk LIPS или Perk EYES третман за освежување, длабинска хидратација и подмладување на регијата околу очите и усните.

Perk Lips и Perk Eyes се skin boosters дизајнирани конретно за третман на овие специфични регии. Третманот може да биде како индивидуална процедура или како додаток на Hydrafacial третманите.

Дополнително добивате Hydrafacial серуми за домашна нега на усните и очната регија кои овожможуваат нега во текот на целиот месец после третманот.

HYDRAFACIAL SKIN BOOSTERS

Skin Boosters се различни коктели со специфични формулации од активни состојки за хидратација, нутриција, подмладување на кожата и третман на одредени состојби. Во Skinfinity имаме голем избор на различни скин бустери кои ги одбираме соодветно на состојбата на кожата и потребата за нејзина нега.

Еден од најбараните скин бустери е JLO BEAUTY Booster, дизајниран во соработка со Џенифер Лопез, наменет за подмладување на кожата, “glow” ефект и одличен за подготовка на кожата пред одреден настан.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ТРЕТМАНОТ?

Hydrafacial е најбараниот светски третман за регенерација на кожата, кој во неколку чекори длабински ја чисти, подлмадува, хидрира и ја заштитува кожата од надворешните влијанија.

Постојат бројни придобивки од третманот:

  • Здрава, сјајна и негувана кожа
  • Подмладување на кожата преку стимулација на создавање на нов колаген, подобрување на нејзиниот тонус и еластичноста
  • Подобрување на изгледот на фините линии и брчките
  • Длабинско чистење на кожата со нежна ексфолијација
  • Чистење на порите на кожата со нежна хидроекстракција и стеснување на порите
  • Длабинска хидратација и нутриција на кожата со избор на различни skin boosters соодветно на типот на кожата
  • Антиоксидантна заштита од негативните надворешни влијанија
  • Инстантен “glow” ефект
  • Фокусиран третман на очната регија
  • Хидратација и “plump” ефект на усните
  • Изедначување на тенот и третман на хиперпигметнации
  • Третман на кожа со акни
  • Без болка, иритации и без период на опоравување
  • Долготрајни и веднаш виливи резултати после завршување на третманот
  • Соодветен за секој тип кожа

ШТО ДА ОЧЕКУВАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ?

Кожата добива здрав изглед и блескав сјај. Резултатите се моментално видливи без период на опоравување. Нема никакви траги, ниту црвенило на кожата по завршување на третманот и веднаш може да продолжите со Вашите вообичаени дневни активности.

НА КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА СЕ ПРАВИ ТРЕТМАНОТ?

Наша препорака е третманот да се прави еднаш месечно како континуирана нега на кожата. Hydrafacial е одличен избор на третман да се направи пред одреден настан со цел инстантен “glow” ефект.

Одберете го најдоброто за Вашата кожа!

Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

 

Закажете консултација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

консулTација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти