Skip to content

Skinboosters

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 45 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте и раце

Skinboosters

ШТО СЕ SKINBOOSTERS И КАКО ДЕЛУВААТ?

Скинбустерите (од англиски. Skinboosters – засилувач на кожата или „зацврстувач на кожата“) сe воведени од производителот на линијата Restylane (Restylane®, Q-MED, Шведска) во 2006 година. Скинбустерите се засновани на стабилизирана хијалуронска киселина и значајно влијаат на забавување на процесот на стареење на кожата и корекција на првите знаци на стареење на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете.

Што се случува со кожата со текот на годините?

Промените на кожата поврзани со возраста започнуваат од 25-та година од животот. Под влијание на разни неповолни фактори на надворешното опкружување, начинот на живот, како и дефицитот на полови хормони поврзан со возраста во телото, кожата почнува да ја губи еластичноста и природната влажност, станува потенка, се појавуваат првите брчки и пигментации. Регенерацијата на кожата ја вршат фибробластите – специјализирани клетки кои произведуваат еластин, колаген и хијалуронска киселина. 

Еластинот ја обезбедува еластичноста на кожата, овозможувајќи и да се врати во првобитната форма по истегнување, колагенот е одговорен за одржување на тургорот на кожата, а хијалуронска киселина главно обезбедува влажност и полнење на ткивата. 

Со возраста, регенеративниот потенцијал на кожата исчезнува поради квантитативни и квалитативни промени во фибробластите и следствено намалување на синтезата на овие супстанции.

Апликација на Skinboosters 

Кожните бустери (Skinboosters ) се аплицираат интрадермално или поткожно со употреба на повеќе микроинјекции со игла или атрауматска канила. Кожните бустери остануваат во кожата долго време, стимулирајќи ја неоколагенезата и подобрувајќи ги нејзините вискоеластични својства. На овој начин се постигнува длабока хидратација и подмладување на кожата на брз и безболен начин.

 
Контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти