Skip to content

КОРЕКЦИЈА НА ПОДБРАДОК (CHIN LIPOLYSIS)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 15 минути

Регија на апликација – лице

Липолиза Lipoliza Podbradok

корекција на подбрадок (chin lipolysis)

Прекумерните масни наслаги под брадата можат да бидат предизвикани од број фактори како што се генетските фактори, варијациите во телесната тежина, возраста и други фактори од околината.

Што е липолиза на подбрадок?

Липолизата на подбрадок (chin lipolysis) е метод со кој се отстрануваат локализираните масни наслаги во оваа регија. Активните супстанци од липолитичките коктели вршат деструкција на масните клетки, стимулираат детоксикација, како и затегнување на кожата под брадата.

Како изгледа третманот?

Липолитичкиот коктел се внесува директно во масното ткиво со помош на тенки иглички и локализирано ги топи масните наслаги.

Дали липолизата е болна процедура?

Липолизата на подбрадок (chin lipolysis) не е болна. Можно е чувство на нелагодност при микроинјектирањето на липолитикот, но тоа зависи од индивидуалната осетливост. Неколку минути после апликацијата се јавува чувство на пецкање и чешање поради дејството на липолитикот. После третманот можна е појава на локално црвенило, оток и модринки кои брзо се повлекуваат.

Каков ефект можам да очекувам?

Видливи резултати може да очекуваме во текот на првиот месец од апликацијата. Процедурата може да се повторува на 3-5 недели зависно од иницијалниот ефект и најчесто е потребна серија од 2-4 третмани за постигнување на посакуваниот резултат.

Кога не се препорачува овој третман?

Липолизата на подбрадок (chin lipolysis)  не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Автоимуни заболувања
  • Инфективни состојби
  • Онколошки заболувања
 
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти