Skip to content

Филери (Dermal fillers)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице

Филери-Fileri-Fillers

Филери (Dermal fillers) во суштина се сочинети од хијалуронската киселина. Таа е природна полисахаридна супстанца што секојдневно се произведува во организмот. Околу 50% од нејзината вкупна количина се наоѓа во кожата. Обезбедува потпора за структурните компоненти на кожата и нејзина длабока хидратација преку способноста да врзува големи количини вода. После 25 годишна возраст нејзиното производство во организмот се намалува и започнува процесот на стареење на кожата. Кожата станува тенка, го губи волуменот и еластичноста, се појавуваат првите брчки и се губи младешкиот изглед.

ШТО СЕ ХИЈАЛУРОНСКИТЕ ФИЛЕРИ И ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ?

Хијалуронските филери се хијалуронска киселина во облик на гел која се инјектира во кожата. Целта е да се надокнади количината на хијалуронска киселина која со текот на времето се ресорбирала. На овој начин значително се подобрува квалитетот на кожата, нејзината хидрираност и исхранетост, со што кожата може да одолее на секојдневниот замор и стрес. Тие се најдоброто решение за корегирање на знаците на стареење на лицето на минимално инвазивен начин преку пополнување на фините линии и брчките на лицето, како и безбеден нехируршки третман за решавање на деформитети на лицето и ублажување на лузни на кожата. 

ПРИМЕНА на Филери (Dermal fillers)

Филери Dermal fillers се применуваат на различни типови на кожа. Третманот е безбеден. Алергиските реакции се скоро невозможни бидејќи хијалуронската киселина е природна состојка на кожата. Овој третман е инјектибилна медицинска процедура која бара многу знаење, вештина и искуство. Во нашата клиника филерите ги аплицираат  сертифицирани доктори, едуцирани и специјализирани во областа на естетска медицина. При работата користиме исклучиво најквалитетни хијалуронски филери (Fileri / Dermal fillers) од реномирани светски брендови.

ЗА ШТО НАЈЧЕСТО СЕ КОРИСТАТ ХИЈАЛУРОНСКИТЕ Филери (Dermal fillers)?

Најчести причини поради кои клиентите имаат потреба од овој третман се:

  •           Корегирање на знаците на процесот на стареење преку пополнување на фините линии или длабоките брчки на кожата
  •           Постигнување на подобар естетски ефект преку контурирање на лицето, освежување на регијата околу очите, обликување, контурирање и зголемување на волуменот на усните, моделирање на долна вилица и брада итн.
  •           Корекција на асиметрија на делови од лицето
  •           Нехируршка корекција на деформитети на лицето
  •           Нехируршки третман на лузни на кожата последица на повреди или одредени заболувања

ДАЛИ ОВОЈ ТРЕТМАН Е ПРАВ  ИЗБОР ЗА МЕНЕ И ЗОШТО Е ДОБРО ДА ГО НАПРАВАМ ПОРАНО?

Хијалуронските Филери (Dermal fillers) се најдобро решение за оние кои сакаат да ги отстранат фините линии или длабоките брчки на лицето, да корегираат одредени естетски недостатоци, да го освежат уморниот изглед и да се решат од несаканите деформитети на лицето без хируршка интервенција.

Потполно е погрешно верувањето дека со почеток на примена на хијалуронски филери треба да се почне што подоцна во животот. Хијалуронската киселина после 25 година од животот почнува помалку да се создава  и побрзо да се ресорбира, поради што се намалуваат нејзините депоа во организмот и кожата го губи својот тонус, еластичност и цврстина. Нерамнините и брчките на кожата на лицето, деколтето и дланките кои со текот на годините природно се јавуваат, не може да се излечат или значајно и трајно да се ублажат со козметички средства. Решение се хијалуронските филери со кои овие појави значајно се забавуваат или успешно се лекуваат.

КАКО ИЗГЛЕДА ТРЕТМАНОТ СО ХИЈАЛУРОНСКИ Филери (Dermal fillers)?

Овој третман се изведува после претходна консултација и преглед од нашите доктори. Третманот се состои од инјектирање на хијалуронски филер директно во кожата во мали количини, при што се користат многу мали и тенки игли. Третманот е едноставен, безбеден и безболен и најчесто трае од 10 до 30 минути. Резултатите се видливи веднаш после третманот. Се постигнува ефект на затегнатост, свежина и хидрираност на кожата. Со филерите се пополнува волуменот на кожниот набор и брчките комплетно исчезнуваат. Кожата станува мазна, се враќа младешката структура на лицето, што предизвикува да се чувствувате помладо и попријатно.

ДАЛИ ТРЕТМАНОТ СО ХИЈАЛУРОНСКИ Филери (Dermal fillers) Е БОЛЕН?

Процедурата на апликација на хијалуронски филер (Filer / Dermal filler) се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот. Со цел обезбедување на максимален комфор во текот на процедурата, пред апликацијата се користи локален анестетик во вид на крем.

КОИ СЕ МОЖНИ НЕСКАНИ ЕФЕКТИ ОД ХИЈАЛУРОНСКИТЕ Филери Dermal fillers?

Резултатите се видливи веднаш после процедурата. Можно е во зоната на инјектирање да се појават црвенило, модринки, лесен оток или зголемена чувствителност кои исчезнуваат многу брзо (во текот на неколку часа до неколку денови).

КОГА МОЖАМ ДА СЕ ВРАТАМ НА РАБОТА?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со минимално видливи траги од интервенцијата. Се препорачува да се избегнуваат топли процедури, вклучително и топли бањи, сауни, спа и солариум во текот на следните неколку дена.

КОЛКУ ТРЕТМАНИ СО ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ МИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Апликацијата на Филери (Dermal fillers) е еднократна процедура. Процедурата може да се повтори поради разградување на филерот после одредено време или по барање на клиентот за надополнување на естетскиот ефект.

КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ТРААТ ЕФЕКТИТЕ?

Резултатите најчесто се видливи од 6 до 12 месеци. Зависно од степенот на оштетување на кожата при почетна примена на филери, како и навремениот почеток со овој третман. Ефектите може да траат и подолго дури 1 до 2 години после иницијалната примена.

КОГА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ ХИЈАЛУРОНСКИТЕ Филери (Dermal fillers)?

  • Бременост и доење
  • Дерматолошки заболувања
  • Видливи промени на кожата во зоната на инјектирање
  • Вирусни и бактериски кожни инфекции
  • Активна херпесна инфекција
  • Инфективни заболувања
  • Имунодефициентни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти