Skip to content

Ботокс (Botox)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 15 минути

Регија на апликација – лице

Ботокс (Botox) третманот е еден од најпопуларните третмани во естетската медицина. Се користи за подмладување на лицето и вратот, преку релаксирање на мускулите и измазнувањето на брчките, со што лицето го задржува свежиот и младешки изглед. Ботоксот се користи и за решавање на проблемот со прекумерно потење, наречен хиперхидроза.

Што е ботоксот и дали е безбеден?

Ботоксот (Botulinum toxin) е супстанца која што се добива од бактеријата Clostridium botulinum. Во естетските третмани се користи пречистена, слабо концентрирана форма на токсинот. Таа се аплицира во многу мали дози и прави инхибиција на невромускулната трансмисија, со што се прекинува сигналот помеѓу нервите и мимичните мускули и се спречува нивната контракција. На овој начин мускулите се релаксираат, брчките на кожата се измазнуваат и се спречува појавата на нови брчки.

Ботокс (Botox) е безбеден. Ова е кратка и ефикасна инјектибилна медицинска процедура која бара многу знаење, вештина и искуство. Во нашата поликлиника ботоксот го аплицираат  сертифицирани доктори, едуцирани и специјализирани во областа на естетска медицина. При работата користиме исклучиво најквалитетни препарати од реномирани светски брендови.

За што најчесто се користи Ботокс (Botox)?

Овој третман е идеален за измазнувањето на брчките во горната третина на лицето, како што се брчките на челото, околу очите, вертикалните брчки меѓу очите и на коренот на носот. Исто така се користи и за измазнување на брчките околу усните, како и брчките на вратот.

Дали овој третман е прав  избор за мене и зошто е добро да го направам порано?

Ботокс (Botox) е најдобро решение за оние кои имаат изразена фацијална гестикулација во текот на денот поради што мимичните брчките на лицето се многу изразени и со текот на времето постојано се продлабочуваат. Со ботоксот длабоките брчки значајно се измазнуваат и се превенира појавата на нови брчки на лицето. Со тоа ликот добива поведар, освежен и младешки изглед.

Раниот почеток на примена на ботоксот значително влијае на превенцијата на појавата на брчки. Со текот на годините доколку не се користи овој третман, брчките се продлабочуваат и не можат да се излечат или значајно и трајно да се ублажат со козметички средства.

Како изгледа третманот со Ботокс (Botox)?

Овој третман се изведува после претходна консултација и преглед од нашите доктори. Третманот се состои од инјектирање на ботокс во мали количини, при што се користат многу мали и тенки игли. Третманот е едноставен, безбеден и безболен и најчесто трае околу 15 минути. Резултатите се видливи неколку дена после третманот. Комплетен ефект на измазнување на брчките се постигнува две недели после апликацијата на ботоксот.

Дали третманот со Ботокс (Botox) е болен?

Процедурата на апликација на ботокс се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот.

Ботокс

Кои се можни нескани ефекти од Ботокс (Botox)?

Можно е во зоната на инјектирање да се појават модринки и оток кои исчезнуваат многу брзо. Во текот на првите два дена од апликацијата можна е појава на главоболка, како и чувство на тежина во очните капаци кои брзо се повлекуваат.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку долго ќе траат ефектите од Ботокс (Botox)?

Резултатите најчесто се видливи од 4 до 6 месеци. После повторно аплицирање, времетраењето на ефектот се продолжува. Третманот е реверзибилен и после прекинот на дејството на ботоксот, функцијата на мускулот се враќа во нормала, кожата се враќа  во кондиција и третманот може да се повтори.

Кога не се препорачува Ботокс (Botox)?

Овој третман не се препорачува во случај на:

  • Бременост и доење
  • Дерматолошки заболувања
  • Видливи промени на кожата во зоната на инјектирање
  • Невромускулни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти