Skip to content

Пресотерапија

Масажа – апаратна процедура

Времетраење – 30 минути

Регија на апликација – раце, нозе, тело

Пресотерапија pressotherapy

Пресотерапија (pressotherapy) е истовремено медицинска и естетска процедура при која со помош на воздушен притисок се стимулира лимфната дренажа на различни делови од телото. Воздухот циркулира во бранови низ воздушното одело (нозе, раце и стомак) од нозете кон горниот дел од телото и прави масажа на мекото ткиво, го подобрува метаболизмот на клеточно ниво и ја стимулира циркулацијата и лимфната дренажа, со што му овозможува на организмот да се ослободи од вишокот течности и токсини.

Позитивни ефекти од пресотерапијата:

  • Стимулирање на циркулација и лимфна дренажа
  • Третман на целулит
  • Намалување на телесна тежина и локализирани масни наслаги
  • Мускулна релаксација
  • Намалување на чувството на тежина во нозете
  • Намалување на отоците на нозете
  • Отстранување на вишокот на течности од телото
  • Превенција на појава на проширени вени на нозете
  • Скратување на периодот на рехабилитација после повреди или хируршки третмани
  • Ослободување од стресот
 

Бенефити од пресотерапија (pressotherapy) 

Пресотерапија (pressotherapy)  е клучна во третманот на целулит бидејќи ја отстранува причината за негова појава, а тоа е хипоксијата и задршката на течности во масното ткиво под кожата. Најефективна е доколку се комбинира со други третмани за намалување на целулитот, особено третманот на липолиза.

Веднаш после првиот третман се чувствува олеснување во нозете и телото. Пресо масажата е релаксирачка и комфорна, па истовремено ќе се чувствувате одморени и енергични после третманот. Апаратот овозможува избор на различни програми за третман со различен интензитет, зависно од индикацијата за третманот.

Еден третман трае до 30 минути зависно од избраниот програм. Третманот може да се повторува на секои 2-4 дена.

Пресотерапија (pressotherapy)  не се препорачува при:

  • Тромбофлебити
  • Заболувања на срцето и бубрезите
  • Имплантиран pace maker
  • Нелекуван висок крвен притисок
  • Тешки инфекции и апцес
  • Скршеници
  • Онколошки заболувања
  • Во тек на менстурален циклус
  • После 4 месец од бременост

Може да се користи пресотерапија на нозе во тек на 2 и 3 месец од бременоста, но не и на стомакот.

Контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти