Skip to content

Dermo OXY кислороден третман

Неинвазивна процедура

Времетраење – 50 до 60 минути

Регија на апликација – лице, врат и деколте

Сигурно понекогаш чувствувате потреба длабоко да вдишете кислород. Така, понекогаш се чувствува и Вашата кожа.

Аерозагадувањето, сончевото зрачење, пушењето, секојдневниот стрес и напорното темпо оставаат траги на кожата и телото, па затоа е неопходно да се направи нешто за освежување и ревитализација. Dermo OXY е светски хит меѓу третманите наменет за таа цел, а сега е достапен и кај нас во Скинфинити.

Dermo OXY кислородниот третман е комплексен третман при кој со Dermo OXY апарат  во длабинските слоеви на кожата се внесува висока концентрација на чист кислород заедно со други активни супстанции како хијалуронска киселина, витамини, пептиди, антиоксиданси и есенцијални нутритиенти. Целта на третманот е да ја хидрира, исхрани и ревитализира кожата и во потполност да ја подобри состојбата на кожата.

Резултатите од третманот се моментално видливи. Кожата после Dermo OXY третманот е освежена, хидрирана и нахранета, сјајна, одморена и подмладена, брчките се поплитки, а тенот е изедначен.

ЗА ШТО НАЈЧЕСТО СЕ КОРИСТИ DERMO OXY?

Dermo OXY кислородниот третман се препорачува за:

–       Освежување, хидратација и исхранување на кожата

–       Детоксикација на кожата (аерозагадување, пушење, сончево зрачење)

–       Кај уморна и безживотна кожа (ревитализација на кожата)

–       Подмладување на кожата, измазнување на фини линии и брчки

–       Атрауматско длабинско чистење на порите

–       Третман на акни и последици од акни

–       Третман на хиперпигментации

–       Третман на стрии и лузни

–       Осетливо лице со купероза и розацеа

–       Третман на бројни дерматолошки состојби

КАКО ИЗГЛЕДА ОВОЈ ТРЕТМАН?

Dermo OXY кислородниот третман се изведува во неколку чекори:

  1. Чистење и тонирање на лицето
  2. Пилинг со кој што се отстранува површинскиот слој на мртви клетки на кожата и се овозможува подобар внес на активните состојки од третманот
  3. Апликација на серум или соодветен мезококтел според потребата на кожата
  4. OXY Jet кислородна купка со која се внесуваат активните состојки како хијалуронска киселина, витамински комплекс, пептиди и антиоксиданси согласно состојбата и потребата на кожата
  5. Кислородна инфузија со која се внесува чист активен кислород во длабоките слоеви на кожата
  6. Нанесување на маска според типот и потребата на кожата
  7. Аплицирање на кислородна комора со што се стимулира циркулацијата и клеточниот метаболизам, а клетките се регенерираат
  8. Масажа на лицето
 

ДАЛИ ТРЕТМАНОТ Е БЕЗБЕДЕН?

Третманот е апсолутно е безбеден и безболен и не постојат возрасни ограничувања за изведување на овој третман. Може да се прави и кај тинејџери, бремени жени и доилки. Соодветен за сите типови кожа, па и за оние со најосетлива и проблематична кожа. Може да се прави во било кој период од годината.

ШТО ДА ОЧЕКУВАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ?

Dermo OXY кислородниот третман е исклучително нежен безболен третман и не предизвикува несакани ефекти како иритација, црвенило и оток. После третманот можете веднаш да се вратите на своите вообичаени дневни активности и да продолжите со својата вообичаена рутина за нега на лицето.

КОЛКУ DERMO OXY ТРЕТМАНИ МИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Не постои лимит во бројот на третманите. Ние препорачуваме да се направи серија од 4-6 третмани на растојание од 7-10 дена за постигнување на најдобри резултати, но и после само еден третман лицето е блескаво, сјајно и освежено.

КОМБИНАЦИЈА НА DERMO OXY КИСЛОРОДЕН ТРЕТМАН СО ДРУГИ ТРЕТМАНИ

Dermo OXY кислородниот третман многу добро се комбинира и со други третмани за нега на лице и не постојат никакви контраиндикации за тоа.

Одлично се комбинира со третманите за атрауматско чистење на лицето како дијамантска микродермоабразија и ултразвучна шпатула, како и со третманите за неинвазивен лифтинг – ултразвучен, радиофреквентен или криофреквентен лифтинг на лице, врат и деколте.

Идеална е комбинацијата на кислородниот третман со третманите на биоревитализација и безиглена мезотерапија со кои што на потполно безболен начин во кожата се внесуваат активни состојки како хијалуронска киселина, витамински комплекси, антиоксиданси и пептиди и значајно се потенцира ефектот на самиот третман.

За луксузен сјај на кожата и изедначување на тенот препорачуваме комбинација на Dermo OXY третманот со Peel 2 Glow и PRX-T33 третманот за безиглена биоревитализација на кожата.

Кислородниот третман е идеален како припрема за ботокс, хијалуронски филери, скин бустери и биоревитализација, па како резултат од третманите имаме потполно природно корегиран изглед на лицето и квалитетот на кожата.

Kонтактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.

 
 

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти