Skip to content

хијалуронски третман

Неинвазивна процедура

Времетраење – 60 минути

Регија на апликација – лице и врат

хијалуронски третман

Хијалуронскиот третман е идеален за оние кои сакаат да ги измазнат длабоките брчки и да го вратат младешкиот изглед на кожата. Овој моќен третман длабински ја хидрира кожата, моментално и дава нов сјај и свеж изглед, го подобрува тонусот на кожата и видливо ги намалува брчките на лицето.

Овој пријатен и релаксирачки третман е еден од нашите најпосакувани третмани. 

Се состои од неколку чекори

  • Чистење на лицето и подготовка за колагенски третман
  • Тонирање на кожата
  • Нежен пилинг за површинска ексфолијација
  • Хијалуронска маска – се аплицира на најкритичните места на лицето кај што се јавуваат првите промени на кожата. Ја хидрира кожата, ги пополнува и ги измазнува брчките
  • Серум – обезбедува интензива хидратација на колагенскиот слој
  • Хијалуронска крема – со свиленкаста структура која длабински ја хидрира кожата и влијае на нејзина регенерација и пополнување на брчките. Содржи екстракт кој ја активира синтезата на колаген и хијалуронска киселина.
  • Хијалуронски бустер – концентрат со револуционерна текстура кој директно влијае на пополнување на брчките. Веднаш после првата апликација се забележува измазнување на првите линии. Специфичната формула ја активира природната синтеза на колаген и хијалуронска киселина, а екстрактот од алое вера ја омекнува и смирува кожата.
  • Масажа на лицето – го подобрува тонусот на кожата, ја стимулира циркулацијата и ја зголемува апсорпцијата на активните состојки од третманот во длабоките слоеви на кожата.
 

За кои типови на кожа е соодветен овој третман?

Третманот е соодветен за сите типови кожа. Трае околу 60 минути. На крајот од третманот кожата е освежена, затегната и сјајна, со видливо измазнување на брчките на лицето.

Резултати

Резултатите се веднаш забележливи уште после првиот третман. За долготрајни резултати препорачуваме овој третман да се прави 2 пати месечно и да се придржувате до советите од стручните лица за нега на Вашата кожа. После третманот може веднаш да се вратите на работа.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти