Skip to content

ДЕРМАРОЛЕР

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 30 минути

Регија на апликација – лице, врат, деколте, скалп, раце, тело

dermaroller

вовед во дермаролер (dermaroller)

Дермаролер (Dermaroller) е “micro-needling” метода при која со бројни убоди од микроигличките на дермаролерот се аплицираат мезотераписки коктели со различни активни комплоненти во кожата. Со помош на овој метод ефектите се постигнуваат на два начини:

  • Преку механичка симулација на кожата со микроиглички со цел поттикнување на клеточната регенерација на кожата и стимулирање на синтезата на колаген и еластин
  • Преку активно дејство на состојките од мезококтелите во третманот на одредени состојби.
 

За што најчесто се користи овој третман?

Дермаролер (Dermaroller) може да се аплицира на лицето, вратот, деколтето и различни делови од телото со цел:

  • Обновување, освежување и подмладување на кожата
  • Елиминирање на фините брчки
  • Освежување на регијата околу очите
  • Ублажување на лузните (од акни, изгореници, оперативни зафати)
  • Изедначување на тенот и третман на хиперпигментации
  • Намалување на целулитот и локализираните масни наслаги
  • Намалување на стрии итн.
 

Како изгледа третманот со ДЕРМАРОЛЕР (DERMAROLLER)?

Дермаролер (Dermaroller) се изведува после претходна консултација и преглед од нашите доктори. Третманот се состои од микроинјектирање на мезококтели со дермаролер во соодветниот дел на кожата. Во зависност од индикацијата за третманот, користиме различни мезококтели според строго дефинирани протоколи. Може да се примени на лице, врат, деколте, раце и други делови од телото.

Дали третманот е болен?

Процедурата на апликација на мезотерапија со дермаролер не предизвикува болка кај клиентот. Постои можност за минимална неудобност, зависно од осетливоста на индивидуата.

Кои се можни нескани ефекти од овој третман?

Можна е појава на црвенило или лесен оток кои исчезнуваат многу брзо. Исклучително е важно да се придржувате до советите од докторите после овој третман.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку долго ќе траат ефектите?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. Со цел постигнување на посакуваниот ефект и долготрајни резултати, потребно е овој третман да се повторува во одредени интервали во зависност од индивидуалниот проблем, почетната состојбата на кожата и возраста на индивидуата.

Кога не се препорачува ДЕРМАРОЛЕР (DERMAROLLER)?

Овој третман не се препорачува при:

  • Бременост и доење
  • Кожни инфекции
  • Инфективни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Слободно контактирајте не за да закажеме бесплатен консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете повеќе информации.

Закажете бесплатна консултација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Бесплатна консулTација

Закажете бесплатна консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија. Консултациите се бесплатни доколку се одлучите за било кој од нашите третмани.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти