Skip to content

PRF (Platelet Rich Fibrin)

Инјектибилна процедура​

Времетраење – околу 45 минути

Регија на апликација - лице, врат, деколте, раце, тело

PRF (Platelet Rich Fibrin) е третман кој ги користи потенцијалите на сопствената крв за лекување, подмладување и регенерација на кожата. За разлика од PRP, при PRF третманот крвта се обработува со помала брзина, зачувувајќи поголема концентрација на бели крвни клетки, матични клетки и тромбоцити со факторти за раст. Се создава фибринска мрежа која овозможува бавно ослободување на факторите за раст, обезбедувајќи поефикасни и подолготрајни резултати.

 

Која е разликата помеѓу PRP и PRF третманите?

PRP и PRF се регенеративни третмани кои ги користат потенцијалите на сопствената крв за регенерација на кожата. Се разликуваат во начинот на обработка на крвта и како се однесуваат во ткивото.

 

При PRP третманот има брзо ослободување на факторите за раст од тромбоцитите во ткивото и брзо видливи резултати, додека пак при PRF третманот фибринската мрежа околу тромбоцитите овозможува бавно ослободување на факторите за раст и подолготрајни резултати.

 

Дали PRF третманот е безбеден?

 

Третманот е безбеден бидејќи ги користи потенцијалите на сопствената крв, па поради тоа не постои никаков ризик од имунулошка или алергиска реакција.

За што најчесто се користи овој третман?

PRF третманот се користи за:

  • Регенерација и подмладување на кожата
  • Третман на фините линии и ублажување на брчките
  • Освежување на уморниот изглед
  • Третман на подочници и освежување на околуочната регија
  • Третман на акни и лузни од акни
  • Лекување на лузни од друга природа
  • Лекување на различни дерматолошки состојби
  • Третман на стрии
  • Брзо заздравување после ласерски третмани, хемиски пилизни или други агресивни третмани итн.

Дали овој третман е прав избор за мене и зошто е добро да го направам порано?

Со текот на годините кожата го губи својот сјај, се намалува нејзината цврстина и еластичност поради намалување на синтезата на колаген и хијалуронска киселина. Овој третман користејќи ги потенцијалите на сопствената крв е најприродно решение за обнова на сите структури на кожата бидејќи ја стимулира синтезата на колаген и еластин и го подобрува протокот на крв во третираните подрачја што резултира со поздрава регенерирана и подмладена кожа. Дополнително белите крвни клетки и матичните клетки од крвта делуваат на супериорно заздравување на кожата, овозможувајќи третман на различни дерматолошки состојби и лузни од различна природа.

Како изгледа PRF третманот?

Најпрво се вади крв од вена, која потоа лабораториски се центрифугира. Добиениот PRF со помош на мали и тенки игли се аплицира на соодветните места на кожата во одредена регија со што започнува процесот на биостимулација и регенерација на кожата. Апликацијата на PRF трае од 15-30 минути зависно од регијата, а целиот третман вклучувајќи го и процесот на обработка на крвта трае околу 45 минути.

Дали третманот е болен?

Процедурата на апликација на PRF се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот. Постои можност за минимална неудобност, зависно од осетливоста на индивидуата. Пред самата процедура нанесуваме крем анестетик со цел да ја минимизираме непријатноста при процедурата.

Кои се можни несакани ефекти од овој третман?

На местото на инјектирање може да се појават мали модринки, црвенило или лесен оток кои исчезнуваат многу брзо. Исклучително е важно да се придржувате до советите од докторите после овој третман.

Кога можам да се вратам на работа?

На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од интервенцијата.

Колку третмани ми се потребни?

Видливи резултати се забележуваат  веднаш после првиот третман. Бројот на потребни третмани и динамиката се одредува при иницијалниот дерматолошки преглед на кожата.

Кога не се препорачува PRF третманот?

Овој третман не се препорачува при:

  • Автоимуни заболувања
  • Болести на крвта
  • Пациенти со антикоагулантна терапија
  • Хронични заболувања на црниот дроб
  • Акутни и хронични инфективни заболувања
  • Онколошки заболувања
 
Контактирајте не за да го закажете Вашиот консултативен разговор во нашата клиника.

Закажете консултација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

консулTација

Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.

Нови промоции секоја недела

Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм

Премиум брендови

Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти