NuEra Tight Face
Неинвазивна процедура Соодветна возраст 18+
Времетраење – 50 - 70 мин
Регија на апликација – лице, врат и деколте
NuEra Tight by Lumenis е неинвазивен третман за подмладување на кожата на лицето, вратот и деколтето. Соодветен е за сите типови кожа и одличен е за оние кои посакуваат природен изглед без хируршки интервенции и други инвазивни процедури.
На кој принцип работи NuEra Tight?
Колагенот и еластинот се структурни компоненти на кожата од кои зависат нејзината цврстина и еластичност. После 25 година од животот, нивната синтеза од фибробластите забрзано почнува да опаѓа, што доведува до опуштање на кожата и појава на фини линии и брчки. Сочувувањето на количината и цврстината на колагенот во кожата е прв чекор во нејзината долготрајна нега.
NuEra Tight делува токму на овој процес. NuEra Tight користи уникатна FocalRF™ фокална радиофреквентна технологија која радиофреквентната енергија ја дистрибуира на различни длабочини во кожата и поткожните ткива максимизирајќи ја ефикасноста на третманот. Ова резултира со:
- Веднаш видливи резултати: Контракција на колагенот – Моментално затегнување на колагенските влакна со инстантно видлив лифтинг ефект
- Долготрајни резултати: Создавање на нов колаген – Стимулацијата на фибробластите да создаваат нов колаген и еластин резултира со подобрување на тонусот и еластичноста на кожата и долготрајен лифтинг
Резултатот е подмладена и затегната кожа со максимално природен изглед.
Придобивки од NuEra Tight третманот
- “Cinderella” ефект – Совршен третман пред важен настан – веднаш видлив лифтинг и затегнувачки ефект со здрав сјај на кожата без црвенила и иритации
- Неинвазивен третман без период на опоравување
- Подобра текстура и тен на кожата
- Редукција на фините линии и брчките
- Намален подбрадок
- Пријатно релаксирачко чувство
- Соодветен за секој тип на кожа
За што се користи NuEra Tight?
NuEra Tight е идеален третман за нега на лицето, вратот и деколтето. Се користи за:
- Подмладување на кожата
- Суптилен лифтинг ефект
- Измазнување на фините линии
- Истакнување на контурите на лицето
- Намалување на подбрадокот и истакнување на линијата на долната вилица
- Освежување на очната регија и ублажување на подочниците
- Губење на уморниот изглед
Како изгледа NuEra Tight третманот?
NuEra Tight е пријатен и релаксирачки третман и соодветен е за секој тип на кожа и за секоја возраст. Третманот е потполно безболен. Фините движења и нежната топлина овозможуваат многу пријатно чувство за време на третманот. Зависно од регијата што се третира третманот трае 50 – 70 минути.
Нема период на опоравување и веднаш после третманот може да продолжите со вообичаените дневни активности.
Колку третмани ми се потребни и кога да ги очекувам првите резултати?
Резултатите се видливи веднаш после самиот третман. Се забележува видливо освежување на ликот, суптилен лифтинг ефект со подобра текстура на кожата и измазнување на фините линии.
За постигнување на оптимални и одржливи резултати се препорачува серија од неколку третмани кои се прават еднаш на две недели. Оптимален број на потребни третмани за постигнување на добри резултати е 4- 6 третмани. Бројот на потребни третмани и динамиката со која се изведуваат се одредува при консултација со нашите специјалисти во Скинфинити.
Раниот почеток со овој третман значително го подобрува квалитетот и тонусот на кожата и значајно го превенира нејзиното стареење.
Како да ја негувам кожата после третманот со NuEra Tight?
Не е потребна специфична нега после третманот. Си продолжувате со вообичаената дневна рутина за нега на лицето. Шминка може да се користи веднаш после третманот.
Дали може NuEra Tight да се прави во комбинација со други процедури?
NuEra Tight може да се комбинира со други третмани за нега на кожата. Нашите специјалисти во Скинфинити ќе Ви препорачаат соодветни третмани кои можат да го надополнат и потенцираат ефектот на овој третман.
Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.
консулTација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети
Нови промоции секоја недела
Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм
Премиум брендови
Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти