NuEra Tight Body
Неинвазивен третман
Соодветна возраст 18+
Времетраење на процедура 30-40 мин
Регија на апликација – тело
NuEra Tight by Lumenis е неинвазивен третман за ремоделирање на телото. Соодветен е за сите типови кожа и одличен е за оние кои посакуваат природен изглед и добро обликувано тело без хируршки интервенции и други инвазивни процедури.
NuEra Tight се користи за третман на сите стадиуми целулит и разбивање на длабоките масни наслаги, како и за затегнување на опуштената кожа после бременост, губење килограми или процес на стареење на кожата.
Третманот е пријатен и релаксирачки и соодветен е за секој тип кожа.
На кој принцип работи NuEra Tight?
NuEra Tight користи уникатна FocalRF технологија со која радиофреквенција продира во длабоките слоеви на кожата и поткожното ткиво. За разлика од другите радиофреквентни третмани кои продираат само на една длабочина во ткивото, NuEra Tight работи со 5 различни фреквенции што ни овозможува таргетирање на различни слоеви на кожата и поткожните ткива:
- Површинска стимулација на кожата за подобрување на текстурата, еластичноста и изгледот на кожата, преку стимулирање на создавање на нов колаген и еластин
- Средна длабочина при која се третира целулитот во различни стадиуми и се подобрува лимфната дренажа за побрза елиминација од организмот
- Длабоко разбивање на локализираните масни наслаги, намалување на тврдокорните масните перничиња и ремоделирање на телото.
Ова резултира со истакнување на фините облини и ремоделирање на телото преку дефинирање и обликување на таргетираните регии од интерес.
За што се користи NuEra Tight?
NuEra Tight се користи за:
- Намалување на целулит (сите стадиуми)
- Третман на локализирани масни наслаги
- Затегнување на опуштената кожа после бременост, губење килограми или процес на стареење
Придобивки од NuEra Tight третманот
- Неинвазивен третман без период на опоравување
- Пријатно релаксирачко чувство
- Соодветен за секој тип на кожа
Кои регии може да се третираат со NuEra Tight?
Со NuEra Tight може да се третираат:
- Стомак
- Задник
- Нозе
- Раце
Како изгледа NuEra Tight третманот?
NuEra Tight е пријатен и релаксирачки третман и соодветен е за секој тип на кожа и за секоја возраст. Третманот е потполно безболен. Фините движења и нежната топлина овозможуваат многу пријатно чувство за време на третманот. Зависно од регијата што се третира третманот трае 30 – 40 минути.
Нема период на опоравување и веднаш после третманот може да продолжите со вообичаените дневни активности.
Колку третмани ми се потребни?
Видливи резултати се забележливи уште после првиот третман. Бројот на потребни третмани зависи од моменталната состојба и очекуваните резултати. Препорачуваме почетна серија од 6 третмани и оптимална серија од 10 третмани за постигнување на добри и одржливи резултати. Третманите може да се прават 1-2 пати неделно. Најдобрите резултати се видливи 3 месеци по завршување на порцедурата откако телото ќе ги елиминира масните наслаги и кожата ќе биде значајно затегната. За постигнување на брзи резултати препорачуваме комбинирање со други третмани за обликување на телото.
Колку долго траат резултатите?
Резултатите кои се постигнуваат со третманот се трајни. NuEra Tight трајно ги уништува масните клетки и целулитот кои постојат како резултат на генетика и начин на живот, но не ја елиминира можноста од создавање на нови масни наслаги. За таа цел потребно е одржување на постигнатите резултати со соодветен начин на исхрана и физичка активност, како и континуирана нега на телото.
Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.
консулTација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети
Нови промоции секоја недела
Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм
Премиум брендови
Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти