Tesla Former Face
Неинвазивна процедура
Времетраење –30 минути
Регија на апликација – лице
Tesla Former Face е најнова генерација неинвазивна технологија за подмладување на лицето . Ова е единствената технологија која што на револуционерен начин овозможува длабинска стимулација на мускулите на лицето со истовремено регенерирање на клеточните функции на кожата. Третманот е пријатен, безбеден и соодветен за секој тип на кожа.
544138 Апликаторот за лице е екслузивно достапен само во Скинфинити!
НА КОЈ ПРИНЦИП РАБОТИ TESLA FORMER FACE?
Низ годините мусклите на лицето го губат својот тонус што доведува до опуштање на лицето, уморен изглед и појава на првите знаци на стареење на лицето.
Tesla Former Апликаторот за лице користи функционална магнетна стимулација која нежно ги активира и зацврстува мускулите на лицето на неинвазивен и апсолутно безболен начин.
ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ TESLA FORMER FACE?
Придобивки од третманот:
- Лифтинг ефект поради зацврстување на мускулите кои го подигаат и одржуваат тонусот на лицето
- Подмладување на кожата поради регенерација и стимулирање на создавање на нов колаген
- Освежување на ликот и губење на уморниот изглед.
Медицински индикации за третман со Tesla Face:
- Брза рехабилитација после пареза на фацијалниот нерв
Предности на третманот:
- Моќен
- Неинвазивен
- Безболен
- Без период на опоравување
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА TESLA FORMER FACE ТРЕТМАНОТ?
Третманот се одвива во легната позиција. Апликаторот се поставува на одредени точки на средната и долната третина на лицето за стимулација на мускулите во оваа регија и постигнување на лифтинг ефект, а потоа со кружни движења на апликаторот на целото лице се стимулира регенерација на кожата и создавање на нов колаген.
КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ЕДЕН ТРЕТМАН?
Еден третман со Tesla Former трае 30 минути.
КОЛКУ ТРЕТМАНИ МИ СЕ ПОТРЕБНИ?
За постигнување на оптимални резултати се препорачува серија од 8 третмани кои се прават два пати неделно. За одржување на постигнатите резултати се препорачува повторување на третманите на одредени интервали индивидуално. Динамиката и бројот на потребни третмани зависи од моменталната состојба и она што се очекува како финален резултат, а се одредува во консултација со нашите стручни лица во Скинфинити.
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ СО TESLA FORMER FACE?
Не постојат несакани ефекти од третманот со Tesla Former Face.
Третманот не се препорачува при:
- Бременост
- Онколошки заболувања
- Имплантиран пејсмејкер или метални протези / импланти.
ЗОШТО ДА СЕ ОДЛУЧАМ ЗА ТРЕТМАН СО TESLA FORMER FACE ВО SKINFINITY?
Во нашиот Центар за естетска медицина и козметологија го имаме оригиналниот апарат Tesla Former од Iskra Medikal, со што гарантираме успех на резултатите.
Третманот се изведува од страна на сертифицирани професионалнци според насоките од нашите искусни лекари.
Пред да се одлучите за третман со Tesla Former секогаш проверете го потеклото на апаратот!!!
Kонтактирајте не за да закажеме консултативен разговор во нашата клиника, каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања.
консулTација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети
Нови промоции секоја недела
Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм
Премиум брендови
Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти