Sonic Shaper
Неинвазивна процедура
Времетраење – 30-40 минути
Регија на апликација – тело
Sonic Shaper е неинвазивен третман за ремоделирање на телото. Третманот е безболен, безбеден и дава веднаш видливи резултати со мерлива редукција во обем после завршување на третманот.
Sonic Shaper се користи за третман на сите стадиуми целулит и разбивање на длабоките масни наслаги, како и за затегнување на опуштената кожа после бременост, губење килограми или процес на стареење на кожата.
Соодветен е за сите типови кожа и одличен е за оние кои посакуваат природен изглед и добро обликувано тело без хируршки интервенции и други инвазивни процедури.
На кој принцип работи Sonic Shaper?
Sonic Shaper користи уникатна технологија на интелегентен нискофреквентен ултразвук со интермитентен вакуум. Нискофреквентниот ултразвук продира во длабоките слоеви на кожата и поткожното масно ткиво и ги разбива масните наслаги. Интермитентниот вакум го потенцира ефектот на ултразвукот и овозможува брза елиминација од организмот преку стимулирање на лимфната дренажа.
Ова резултира со истакнување на фините облини и ремоделирање на телото преку дефинирање и обликување на таргетираните регии од интерес.
За што се користи Sonic Shaper?
Sonic Shaper се користи за:
- Намалување на целулит (сите стадиуми)
- Третман на локализирани масни наслаги
Придобивки од Sonic Shaper третманот
- Неинвазивен третман без период на опоравување
- Веднаш видливи резултати со мерлива редукција во обем после завршување на третманот
- Соодветен за секој тип на кожа
Кои регии може да се третираат со Sonic Shaper?
Со Sonic Shaper може да се третираат:
- Стомак
- Задник
- Нозе
- Раце
Како изгледа Sonic Shaper третманот?
Sonic Shaper е безболен и релаксирачки третман и соодветен е за секој тип на кожа и за секоја возраст. Зависно од регијата што се третира третманот трае 30 – 40 минути.
Нема период на опоравување и веднаш после третманот може да продолжите со вообичаените дневни активности.
Колку третмани ми се потребни?
Видливи резултати се забележливи уште после првиот третман со мерлива редукција во обем после завршување на третманот. Бројот на потребни третмани зависи од моменталната состојба и очекуваните резултати. Препорачуваме почетна серија од 6 третмани и оптимална серија од 10 третмани за постигнување на добри и одржливи резултати. Третманите може да се прават еднаш неделно. За постигнување на брзи резултати препорачуваме комбинирање со други третмани за обликување на телото.
консулTација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на вашите прашања и ќе добиете дополнителни информации и совети
Нови промоции секоја недела
Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм
Премиум брендови
Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти