Полинуклеотиди
Инјектибилна процедура
Времетраење – околу 30 минути
Регија на апликација – лице, врат, деколте
Полинуклеотидите се биостимулатори кои на клеточно ниво ги стимулираат регенеративните процеси во кожата. Го стимулираат создавањето на колаген и еластин за поцврста, поеластична и лифтирана кожа и обезбедуваат длабинска хидратација. Соодветни се за секој тип кожа и може да се прават во било кој период од годината.
Во светот на естетиката, полинуклеотидите (PDRN) во моментов се едни од најпопуларните процедури за биорегенерација на кожата.
Кои се вообичаени области за третман со полинуклеотиди?
Иако полинуклеотидите можат да се користат за различни регии на телото, најчесто ги користиме за третман на:
- Подочници и освежување на регијата околу очите
- Лице, врат и деколте
За што најчесто се користи овој третман?
Полинуклеотидите се користат за:
- Регенерација на кожата и подобрување на нејзиниот квалитет
- Подобрување на тонусот и текстурата на кожата
- Подмладување на кожата
- Освежување на уморниот изглед
- Ублажување на темни подочници и освежување на околуочната регија
- Регенерација на кожа со лузни од акни
- Позитивен ефект кај кожа со хиперпигментации
- Регенерација на фоликулите и подобрување на квалитетот на косата…
Дали овој третман е вистинскиот избор за мене?
Доколку барате третман кој го подобрува здравјето на кожата, а не го менува обликот на Вашето лице, полинуклеотидите се одличен избор.
Погодни се за сите типови кожа и често се користат како превентивни третмани за одложување на процесот на стареење или пак за регенерација на веќе настанатите промени на кожата.
Дали третманот е болен?
Процедурата на апликација на полинуклеотиди се изведува со многу мали и тенки игли што не предизвикува болка кај клиентот. Постои можност за минимална неудобност, зависно од осетливоста на индивидуата. Пред самата процедура нанесуваме крем анестетик за минимизирање на непријатноста при третманот.
Кога можам да се вратам на работа?
На работа можете да се вратите веќе следниот ден со можни минимално видливи траги од процедурата.
Колку третмани ми се потребни?
Видливи резултати се забележуваат после првиот третман. Бројот на потребни третмани и динамиката зависи од состојбата на кожата и се утврдува при иницијалниот дерматолошки преглед. За оптимални резултати најчесто препорачуваме серија од три третмани со растојание од 3-4 недели.
Кога не се препорачува третманот со полинуклеотиди?
Овој третман не се препорачува при:
- Автоимуни заболувања
- Инфекции на кожата
- Акутни и хронични инфективни заболувања
- Онколошки заболувања
Закажете консултација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.
консулTација
Закажете консултација каде што ќе добиете одговор на сите ваши прашања поврзани со нашите третмани од естетската медицина и козметологија.
Нови промоции секоја недела
Секоја недела ви нудиме нови промотивни пакети кои ги објавуваме на нашата веб страна како и на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм
Премиум брендови
Достапна е широка палета на брендови со кои можеме да ја задоволиме секоја преференца на нашите клиенти